Турско МНР: Израел ги користи гладот и заразните болести како оружје против Палестинците во Газа

December 17, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес го обвини Израел дека ги користи гладот и заразните болести како оружје против Палестинците во Газа, повикувајќи ја меѓународната заедница да преземе итни мерки за справување со влошената хуманитарна криза, јавува Анадолу.

„Последните случување во нашиот регион не треба да ја наведат меѓународната заедница да го игнорира геноцидот што Израел го врши во Газа“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Министерството ги критикуваше засилените напади на Израел врз цивилни цели, меѓу кои и училишта и бегалски кампови, во кои во последните денови се убиени стотици Палестинци.

„Исто така, употребата на гладот и на заразните болести од страна на Израел како оружје против палестинскиот народ преку спречување на обезбедувањето основни хуманитарни потреби во Газа не треба да го избегне вниманието на меѓународната заедница“, се додава во соопштението.

Потврдувајќи ја посветеноста на Анкара кон регионалниот мир, безбедноста и стабилноста, Министерството повика на итни мерки за решавање на кризата.

„Во овој контекст, го повторуваме нашиот повик за да се изврши неопходен притисок врз Израел, со цел да се обезбеди итен договор за прекин на огнот и непрекинат хуманитарен пристап до регионот“, се нагласува во соопштението.

„Ние ќе продолжиме да ги браниме правата на палестинскиот народ, меѓународното право и човековото достоинство“, се додава.

Израел од 5 октомври започна голема копнена операција во северниот дел на Газа, наводно, со цел да го спречи прегрупирањето на палестинската група на отпорот Хамас. Но, Палестинците го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.

Оттогаш во областа не се дозволува влез на доволни количини хуманитарна помош – храна, лекови и гориво, оставајќи го населението таму на работ на неизбежен глад.

Во бруталната израелска војна во Појасот Газа досега се убиени над 45.000 луѓе, повеќето од нив жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ повторно ја стартува својата Делегација во Сирија

Следно

АЛКАЛОИД со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

Latest from Blog

ВЛЕН до ДУИ: Г’зим Острени кажа што се случувало со албанскиот јазик, ќе одговори ли Ахмети?

Политичката партија ВЛЕН бара од Демократската унија за интеграција (ДУИ) да се изјасни за неодамнешните изјави на Г’зим Острени во врска со Охридскиот рамковен договор и улогата на Али Ахмети. Од ВЛЕН

(ФОТО) USS ABRAHAM LINCOLN – Американскиот носач на авиони беше на море 286 дена, погледнете како изгледа сега

По 286 дена континуирано пловење и екстремно интензивни борбени операции, американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ конечно се закотви во тајландското пристаниште Лаем Чабанг за да може екипажот да се одмори.

Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите

Бројот на жртви од поплавите веќе надмина 1.000, додека спасувачките екипи се тркаат да стигнат до заедниците кои се отсечени по катастрофата на 26 август. Кинеското Министерство за водни ресурси вчера предупреди
Go toTop