Галичник и натаму отсечен од светот

December 16, 2024
1 min read

По повеќе од 24 часа завеаните во Галичник добија електрична енергија, а екипите на ЕВН оделе пеш неколку часа буквално од столб до столб за да го лоцираат проблемот.

Селото Галичник веќе три недели е отсечено од светот поради непрооден пат, а од месната заедница информираат дека трета недела селото е и без улично осветлување.

Патот Маврово-Галичник сè уште е непрооден, а според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден, додаваат од Месната Заедница. Од таму упатуваат апел до надлежните институции што побргу да се овозможи пристап до ова село, кое има постојани жители, а многумина сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап.

Жителите на ова мијачко село очекуваат навремена реакција од надлежните институции за расчистување на патот. Сега прашањето кое се отвора е дали на диспозиција има соодветна механизација за овој патен правец, со оглед на тоа дека истиот е завеан од снег од 29ти ноември.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските сили неутрализираа деветмина терористи на ПКК во Северен Ирак

Следно

Мисајловски на средба со Пич, Лосон и нивниот тим: Меѓусебна поддршка- како сојузници ги развиваме одбранбените капацитети

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop