Гостиварец формирал терористичка ќелија по матрица на ИСИС, планирал напади и регрутирал луѓе

December 16, 2024
1 min read

По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Истражниот центар, како и истражители од Лабораторијата за дигитална форензика, во текот на вчерашниот ден во соработка со МВР беше спроведена акција во струшкиот и гостиварскиот регион. Притоа се приведени три лица од Гостивар и едно лице од Струга за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичка организација од чл.394-а од КЗ.

-Според содржината на диспозитивот од Наредбата за спроведување на истражна постапка, првоосомничениот, дваесет и едногодишен гостиварец, на почетокот на оваа година, создал и активно координирал терористичка организација/ ќелија, во која членуваат останатите осомничени и други НН лица од државата и од странство. Организацијата со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС имала намера на изведување на терористички акт на цивилни – меки цели и јавни објекти. Првосомничениот во почетокот на 2024 година формирал повеќе групи на социјалната мрежа Telegram каде искажувал целосна подготвеност и намера за извршување на терористички напад, како и поттикнување на други лица за извршување на терористички напади во Европа, информира ОЈО ГОКК.

Во групите споделувал претходно набавен и преработен – преведен пропаганден материјал на ИСИС, регрутирајќи нови членови, правејќи обиди за набавка на огнено оружје, како и споделувајќи упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе бидат искористени за извршување на терористички напади.

Со оглед на кривичното дело што им се става на товар, околностите, како и фактот дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје денеска му предложи на осомничените да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за финансиска поддршка на нови авиолинии

Следно

Во израелската геноцидна војна во Газа досега убиени над 45.000 Палестинци

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop