Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за финансиска поддршка на нови авиолинии

December 16, 2024
1 min read

Министерството за транспорт и врски информира дека е отворен јавен повик за поднесување барања за добивање финансиска поддршка за воспоставување нови авионски дестинации од аеродромите во земјава. Поддршката ќе се обезбеди за периодот од 1 јануари 2025 година до 31 декември 2027 година.

Давател на финансиската поддршка е Владата која донесе Програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава на домашни и странски превозници за периодот 2025-2027 година.

Финансиската поддршка за секоја нова дестинација е утврдена во износ од: 9 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на изготвување на барањето за плаќање, за патници превезени до Меѓународниот аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Средствата кои се останати по првиот повик за финанасиска поддршка, кои се утврдени по години и не се пренесуваат, се во износ од: 81.613.245,00 денари (1,327,045 евра) за 2025 година, 62.144.371,00 денари ( 1,010,478 евра) за 2026 година и 63.255.968,00 денари (1,028,552 евра) за 2027 година.

– Авиопревозникот на кој ќе му биде одобрено барањето за финансиска поддршка треба секоја нова дестинација воведена од/до „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, да ја опслужува најмалку два пати неделно, по однапред определен ред на летање за периодот за кој му се доделува финансиската поддршка, наведен во поднесеното барање, освен за неделата во која се паѓаат Нова година и верските празници католички и православен Божиќ, стои во повикот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Собрани раскази“ од Франц Кафка првпат на македонски јазик

Следно

Гостиварец формирал терористичка ќелија по матрица на ИСИС, планирал напади и регрутирал луѓе

Latest from Blog

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на

СиЕнЕн: АКО КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Е ВРАЌАЊЕ НА ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА – ЗОШТО Е ВОДЕНА?

Еден од најголемите проблеми на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во излегувањето од војната со Иран се претходните, досегашни списоци на апсолутистички цели што ги поставиле Трамп и неговиот тим за

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони
Go toTop