Холандија протера неколку руски дипломати, ја затвора канцеларијата за трговија

February 19, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Холандија вчера одлучи да протера неколку руски дипломати по обидите на Москва да „постави разузнавачи“, пренесува Анадолу.

Холандското Министерство за надворешни работи одлучи да го ограничи бројот на руски дипломати по спорот меѓу двете земји.

„Постојаните обиди на Русија да постави разузнавачи во Холандија под дипломатска заштита се неприфатливи. Затоа го ограничуваме бројот на руски дипломати во Холандија“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра.

Тој истакна дека Холандија ги затвора и холандскиот Генерален конзулат во Санкт Петербург и Руската трговска канцеларија во Амстердам.

Руското Министерство за надворешни работи во петокот го повика холандскиот амбасадор Жил Арноут Бешур Плуг и го извести за препреките со кои се соочува руската Амбасада во Холандија, како и за „деструктивната позиција“ на Хаг во врска со визните прашања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шешов: Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога

Следно

Тешка сообраќајна несреќа во Влае, повредени три лица

Latest from Blog

Војна за цензус во економско социјалниот совет – ССМ обвинува за удар од Владата, ВМРО-ДПМНЕ негира политичка заднина

Со измените на Законот за работни односи предложени од група владејачки пратеници, се предвидува да се намали цензусот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% за членство во Економско социјалниот совет.

„Бог нека ги отвори границите, нека ги сруши ѕидовите“, рече папата Лав XIV критикувајќи ги националистичките политики

САРАЕВО (АА) – Папата Лав XIV денес ја критикуваше појавата на националистички политички движења во светот, нарекувајќи ги жални, но не именуваше ниту една земја или поединец, пренесува Анадолу. Папата Лав XIV

МВР ги демантира тврдењата за „софтвер за шпионажа“ – станува збор за форензички алатки

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“. Потенцираме дека станува збор за редовно
Go toTop