Универзитетите во Солун и Скопје го кршат мразот, грчките студенти ги пречекаа гостите од УКИМ со песна против национализмите

December 15, 2024
2 mins read

„Многу емотивно…, и радост и солзи на Универзитетот Македонија во преполниот амфитеатар“, беше првата реакција на проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, една од учесниците на научната конференција на академско ниво на која домаќин беше Грција, а се одржа на Универзитетот „Македонија“ во Солун, во организација на Лабораторијата за култура, граници и родови при Катедрата за балкански, словенски и ориентални студии на солунскиот Универзитет во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Студентите на солунскиот универзитет не пречекаа со песна против национализмите и тоа беше најдобриот одговор на организаторите на овој историски настан на сите реакции и приговори за неговата организација за кој бевме информирание. Реагирале пратеници во Парламентот во Атина, а еден ден пред настанот, група граѓани од Солун протестирале пред канцеларијата на градоначалникот. Но, остана само на тоа. Настанот се одржа во најдобра атмосфера и беше пример за тоа како се поминуваат границите на национализмите“, оцени за Рацин.мк Мојсова Чепишевска.

Весна Мојсова Чепишевска од УКИМ и Алаксандра Јоаниду од Универзитетот Македонија во Солун

Како што не информираше таа, средбата на македонските и грчките претставници на академската средина во двете земји ја реализираше целосно својата програма во која во центарот на вниманието беше македонската култура, македонската книжевност и јазик и мостовите кои досега се поставени за поврзување на двете култури.

Поздравни зборови и добредојде за македонските гости упати директорката на Лабораторијата „Култура/Граници/Род“ на Катедрата за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот Македонија во Солун, а во име на УКИМ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, поздравни зборови упати деканот проф. д-р Владимир Мартиновски.

Целиот настан беше одржан на македонски и на грчки јазик.

Присутната публика во амфитеатарот во Солун со внимание ги проследи предавањата на проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска за македонската литература од крајот на 19 век, за Чуповски, Мисирков, Чернодрински и другите, како и за нашите најголеми поети на дваесеттиот век како Кочо Рацин, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ…

На грчката академска и друга јавност добро им се познати пезијата на Кочо Рацин и Блаже Конески кои се преведени на грчки, а овој настан го покажа интересот на тамошната книжевна средина на грчки дасе преведат и останатите големи поетски имиња од Северна Македонија.

Александра Јоаниду од на Катедрата за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот Македонија во Солун, која е истакнат преведувач и промотор на македонската проза во Грција и која ги преведе книгите на Румена Бужаровска, на настанот најави дека е во тек работата на преводот на романот „Егејци“ на Кица Барџиева Колбе, која исто така како и Бужаровска беше на овој настан и говореше за издавањето на нејзината книга и читаше фрагменти од неа на македонски јазик.

Меѓу учесниците на оваа средба во Солун настапија со свои презентации, предавања и кажувања и неколкумина изучувачи на македонскиот јазик од Грција кои со него се запознаваат преку онлајн курсевите на Центарот за македонски јазик во Лерин коишто ги спроведува лекторката Елена Ѓоргиовска од УКИМ која го раководи Лекторатот за македонски јазик на Универзитетот во Букурешт.

Елена Ѓоргиовска на настанот говореше за егејската тема во македонската литература, додека Фотиј Сионис и Марија Думба, посетители на курсопо македонски јазик говореа за нивните интереси да го изучуваат.

Настанот на универзитетот во Солун беше и место за поврзување на двете академски средини кои се договорија да настапуваат со заеднички проекти во рамките на Еразмус Мундус. Овие прашања беа во фокусот на излагањата на професорите Елени Сидери и Јоанис Манос од солунскиот универзитет.

Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот „Македонија“ во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена како на македонскиот јазик и литература, така и на перспективите за меѓусебна академска соработка, оцени за МИА деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за вчерашната научна конференција на која македонски и грчки професори дискутираа за перспективите на културна соработка со акцентот на македонскиот јазик.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хеди Рамковски бил екстрадиран уште во јули, во моментов е во Шутка и повторно му се суди

Следно

За само шест месеци: Кривични пријави против 80 лица за дрога и оружје во полошкиот регион

Latest from Blog

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини

Писториус предупредува на хибридна закана од Русија

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија мора да биде подготвена да се спротивстави на сите хибридни напади од Русија, кои вклучуваат кампањи на социјалните мрежи дизајнирани да им помогнат
Go toTop