Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

October 22, 2026
1 min read

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

“ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати за членство во ЕУ, така што сме опкружени со Европската Унија и природно е да сакаме да соработуваме.  76% од извозот на Македонија оди кон земји членки на Европската Унија, 46% од увозот доаѓа од земји членки на Европската Унија и природно е да сакаме да ја искористиме поврзаноста. Македонија има уникатна географска положба која што ја нема ни една друга држава во регионот на Југоисточна Европа и тоа е нешто што може и мора да го искористиме. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори” – се обрати Николоски.

Говорејќи за развојот на коридирите, тој ги потенцира инвестициите што се реализраат во патната и железничката мрежа.

 

“На коридорот 10 со поддршка на ЕУ  работиме на модернизација на автопатот. Во рамки на Планот за раст, готови  се 5 закони за Интелигентни транспортни системи, кои што покрај Министерството за транспорт ги работи и Министерството за локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи, по што ќе одиме со имплементација. Тука е и реконструкцијата и надградбата на железничкиот коридор каде што треба да добиеме брза пруга за патнички од 160 до 200 км/ч и карго сообраќај од 120 км/ч.

Во однос на коридорот 8, работиме и автопат и железница. Автопатски сме понапред, но има уште доста работа. Вчера бев во посета на автопатот Охрид-Кичево, таму одлично напредуваме. Исто така, се гради секцијата од Букојчани до Кичево, од Букојчани до Гостивар, од Гостивар до Тетово. А на источната страна, работевме со ЕУ во делот од Страцин до Крива Паланка и обиколница на Крива Паланка, а сега ќе работиме заедно на потегот од Страцин до Куманово, односно до Романовце.

И заедно со Светска банка и Европска Унија работиме на модернизација и проширување на преминот Ќафасан и преминот Деве Баир, како би можеле да имаме еден поголем проток. Тука се и двата аеродроми кои што се лоцирани токму на коридорите. Оваа година очекувам да надминеме 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо до пред две години. Јас кога бев избран, очекував некаде докај 2031-2032 година да стигнеме до 4 милиони патници, еве имаме среќа веќе во 2026 година ќе одиме на 4 милиони патници, што за држава од 1.800.000 жители е навистина една огромна бројка” – потенцира вицепремиерот Николоски во своето обраќање на панел дискусијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руни жестоко го нападна Бруно Фернандеш: „Го фрли Карик под автобус, тоа не е лидерство“

Следно

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Latest from Blog

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Руни жестоко го нападна Бруно Фернандеш: „Го фрли Карик под автобус, тоа не е лидерство“

Убедливиот пораз на гостувањето кај Комо како да го урна и она малку позитивно што го следеше Манчестер јунајтед од почетокот на сезоната. Освен дебаклот на теренот, дополнителни реакции предизвикаа и зборовите

Коњановски: Пет децении пријателство меѓу Битола и Херцег Нови, нов меморандум за заедничка иднина

Со потпишување Меморандум за потврдување на соработката и симболично садење дрво на пријателството, во Херцег Нови беа одбележани пет децении од збратимувањето со Битола. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски, кој порача

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав
Go toTop