Повеќе од две недели Скопје губи питка вода поради дефект на цевка во Карпош 4

December 15, 2024
1 min read

Жителите на Карпош 4 веќе втора недела се соочуваат со поплавена улица „Никола Парапунов“ поради дефект на главната водоводна цевка. Водата постојано истекува, поплавувајќи улици и влегувајќи во отпадните шахти, со што се губат големи количества питка вода.

„Скоро десетина дена е вака, ова веќе не се трпи. Има ли некој да работи овде?“ изјави еден од жителите, додека друг додаде: „Нонстоп тече вода, а реакции од Водовод нема.“

Дефектот е лоциран на затворачот на главниот цевковод, кој снабдува две третини од Скопје, вклучувајќи ги и болниците. Од Водовод за Телма велат дека ваков проблем се случува ретко, еднаш во половина век, и предупредуваат дека при поправката многу домаќинства ќе останат без вода.

За жал до објавата на овој текст од ова претпријатие редакцијата на Рацин.мк не доби одговор кои се плановите за санација иако според информациите на Телма техничките оперативни планови за санација биле готови, а деталите за почетокот на работите ќе се објавеле најдоцна за време на викендот. Во меѓувреме, на улицата се поставени знаци за пренасочување на сообраќајот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

15 милиони за хуманитарни цели: Еј-Би-Си њуз (ABC News) плаќа за новинарот кој лажеше дека Трамп е силувач

Следно

Драма на Попова Шапка: Шест скијачи изгубени во магла и снег спасени навреме

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop