Талески: За лагите, ВМРО-ДПМНЕ најпрво ќе ја добие сметката од тутунарите

December 14, 2024
1 min read

Споаред пратеникот на СДСМ, Миле Талески, тутунарите први ќе и ја испорачаат сметката на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со лаги и потценување, директно ги оштетува земјоделците. Тој потенцира дека Мицкоски и Трипуновски безочно лажат бидејќи за време на изборите ветувале откупна цена од 600 денари по килограм тутун, а испорачале едвај 400 денари. Тој ги коментираше и субвенициите за тутунарите.

„Токму тутунарите ќе бидат првите кои ќе им ја испорачаат фактурата на Мицкоски и ДПМНЕ и ќе ги архивираат како најлошата Влада во историјата на Македонија. Реалноста денес е сосема поинаква. За историска цена сега ја претставуваат цената од 400 денари по килограм, а ветуваа 600 денари,“ рече Талески, истакнувајќи го огромното разочарување кај тутунарите.

„Минатата година ветуваа субвенции од 160 денари за секој килограм предаден тутун, но, како што посочи Талески, „обезбедија едвај по 80 денари, кои после нашиот притисок мораше да ги зголемат на 100 денари – исто колку што лани на тутунарите им додели Владата на СДСМ,“, напиша Талевски во соопштението.

„Ако имаа барем малку образ и чест, Мицкоски и Трипуновски ќе им се извинеа на тутунарите, ќе наведнеа глава и немаше ниту да го спомнат тутунот,“ вели пратеникот на СДСМ, Миле Талески, повикувајќи ги на одговорност за лажните ветувања и несоодветната поддршка за трудот на тутунарите.

СДСМ останува на страната на тутунарите и сите земјоделци, нудејќи вистинска поддршка и мерки за развој на земјоделството и заштита на трудот на секој земјоделец.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Настани кои го одбележаа денот: Нови 600 вработувања во МВР, инвестиции во енергетиката, историски највисока откупна цена на тутунот

Следно

Изложби на Љупчо Бојаров „Објекти – Теракота и фузирано стакло“

Latest from Blog

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се
Go toTop