УЈП со апел: За новогодишните празници сите да работат согласно законите

December 14, 2024
2 mins read

Управата за јавни приходи преку соопштение ги потсетува угостителите кои организираат предновогодишни и новогодишни дневни или вечерни прослави и продаваат влезници (резервации) и/или ваучери, дека се должни да издадат фискална сметка при продажбата, согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Оваа обврска, велат од УЈП, се однесува и на сите останати угостители кои ќе остварат готовински промет за други угостителски услуги, кој треба да го регистрираат преку одобрен фискален систем и да издаваат фискални сметки за крајните корисници на услугите.

„Воедно ги потсетуваме даночните обврзници – угостители кои ќе ангажираат музичари или естрадни уметници во наредниот период како физички лица, да склучат договори за извршување на повремени или привремени услуги и да го пријават и платат данокот преку системот на УЈП на https://e-ujp.ujp.gov.mk/. Од значење е да се има предвид дека данокот на додадена вредност не е Ваш – тој припаѓа на сите граѓани. Апелираме на видно место да истакнете Соопштение, каде што ќе ги информирате потрошувачите за нивната обврска да бараат фискални сметки“, се вели во денешното соопштение од УЈП.

Оттаму велат дека потрошувачите на добра, односно корисниците на услуги, при купување должни се да побараат фискална сметка и да ја чуваат по напуштање на местото на прометот на доброто, заради контрола. Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.

Од Управата за јавни приходи информираат дека вршат контроли на терен на цела територија на државата.

„За угостителите кои нема да издаваат фискални сметки или нема да ги почитуваат законските обврски, ќе бидат преземени соодветни мерки и поведени прекршочни постапки согласно Законот за прекршоци, Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП) и Закон за даночна постапка (ЗДП) и тоа преку издавање на прекршочен платен налог. Доколку обврзниците ја платат глобата во рок од 8 дена, износот на истата се преполовува, но доколку глобата не се плати во зададениот рок, УЈП поднесува барање до Комисијата за поведување на прекршочна постапка и изрекува забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена, сѐ до моментот на плаќање на глобата и отстранувањето на неправилноста“, се вели во соопштението.

Во случај, даночните обврзници да не се усогласат со Законот за регистрирање на готовински плаќања, нагласуваат од Управата, при повторна контрола УЈП има право веднаш  да изрече забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.

„Стопанствениците регистрирани даночни обврзници кои закупиле штандови за продажба на пијалаци, храна и други производи на организиран простор за прослава за претстојните празници, имаат обврска да користат одобрен фискален апарат, во доволен број, и за секоја услуга, односно за секоја продажба да издаваат фискална сметка. Воедно, во книгата на дневни финансиски извештаи да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса навремено, а најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет“, велат од УЈП.

Од Управата за јавни приходи испраѓаат апел и до сите физички лица кои ќе вршат дејност од времен карактер, како дел од базари или новогодишни и божиќни настани на отворен или затворен простор, а сè уште се немаат усогласено со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД), да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП каде што ја вршат дејноста, со цел да им се издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход и налози за плаќање на данокот за остарениот приход во периодот додека ја вршеле дејноста.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

До крајот на годината можни кадровски решенија за некои од ДКП-ата кои останаа без амбасадори

Следно

Со автобус до Попова Шапка – не одете со автомобили, нема доволно паркинг места

Latest from Blog

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за

Можно одложување на натпреварот Реал Мадрид-Јувентус

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус можно е да биде одложен. Според најавата на метеоролошката служба за време на натпреварот најавени се грмотевици во околината на

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос ја оцени како одлична и многу конструктивна. На својот фб тој напиша дека ја информирал Кос, дека СДСМ останува целосно
Go toTop