Со автобус до Попова Шапка – не одете со автомобили, нема доволно паркинг места

December 14, 2024
1 min read

Со јавен градски автобус, заедно со општински соработници и новинарите, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами се упати кон Попова Шапка.

Оваа автобуска линија ќе биде редовна во текот на викендите.
А, на Попова Шапка официјално започна новата ски сезона.
Градоначалникот се пофали дека сета потребна опрема, вклучувајќи ги и ски-лифтовите се сервисирани и се подготвени за употреба.

„За кратко време е направена многу работа, за што им честитам на раководните лица на туристичкиот центар што го ставија овој центар во функција и од денеска ќе биде во служба на граѓаните. Во наредниот период и како локална власт и како Влада ќе работиме напорно за постепено враќање на некогашниот сјај на туристичкиот центар на Попова Шапка“, вели Касами.

Касами верува во успешна сезона, додека вети дека ќе ја направи Попова Шапка најважна во регионот.

Вчера биле бесплатни билетите за ски-лифт. Од денеска дневен билет чини 1100 денари. Директорот на туристичкиот центар Гани Алији информираше за распоредите.

„Од сабота ски центарот ќе има редовни цени и редовно работно време.По бројните подготвителни активности, сега сме подготвени да понудиме незаборавно искуство за љубителите на зимските спортови. Благодарение на тимот и нивната неуморна работа, скијачките патеки се подготвени за зимските активности“, вели Гани Алији.

За да се избегнат долгите редици, општина Тетово ги замолува граѓаните да ја користат автобуската линија за време на викендот. Недостатокот на паркинг места останува голем проблем во туристичкиот центар Попова Шапка.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

УЈП со апел: За новогодишните празници сите да работат согласно законите

Следно

Шведска: Стотици луѓе протестираат во Стокхолм против израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Марк Ферстапен се сели во Мерцедес?

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Во неколку израелски напади низ Појасот Газа убиени 23 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.
Go toTop