Муртезани: Засилување на соработката за европска интеграција меѓу Македонија и Молдавија

December 13, 2024
1 min read

По потпишувањето на Меморандумот за соработка со Молдавија во делот на ЕУ, министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска имаше средба и со Инa Кошеру, претседателка на Комисијата за надворешна политика и европска интеграција, во Парламентот на Република Молдавија.

Средбата, како што информира Министерството за европски прашања, беше фокусирана на унапредување на билатералните односи и засилување на соработката во процесот на европската интеграција.

– Министерот Муртезани и претседателката Кошеру разговараа за важноста од усогласување на реформските агенди и зајакнување на парламентарниот дијалог. Тие го истакнаа значењето на размената на најдобрите практики во законодавната усогласеност, реформите во јавната администрација и унапредувањето на демократските институции, се вели во соопштението.

Муртезани, како што се наведува, ја реафирмираше подготвеноста на Македонија во помагањето на Молдавија во нејзините реформски процеси, особено во областа на владеењето на правото и усогласувањето со правото на Европската Унија. Претседателката Кошеру се заблагодарила за поддршката од Македонија и ја подвлекла улогата на меѓупартиската соработка за успешна имплементација на реформите. Муртезани и Кошеру ја потврдиле заедничката посветеност за понатамошно зајакнување на партнерството во процесот на европската интеграција.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца

Следно

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа достигна речиси 44.900

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop