Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа достигна речиси 44.900

December 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 40 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот биланс на убиени од минатата година досега достигна 44.875, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека најмалку 106.454 Палестинци се повредени во тековните напади.

„Израелските сили убија 40 лица, а повредија 98 во три масакра на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

На 7 октомври 2023 година Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по нападот на Хамас. Израелската офанзива во Газа трае повеќе од 14 месеци и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални претставници и институции ги осудија нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

На 21 ноември Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муртезани: Засилување на соработката за европска интеграција меѓу Македонија и Молдавија

Следно

Гвардиола има здравствени проблеми

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop