Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца

December 13, 2024
1 min read

Измената на законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца.

Имено, од месец октомври  2023 година не се спроведува стручниот  испит за стекнување на лиценца за работа  во установите за деца, испит кој се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Министерството  за социјална политика демографија и млади е надлежно за издавање на лиценците за работа и тоа: лиценца за стручен работник, за стручен соработник,  за воспитувач,  лиценца за негувател и лиценца за директор.

Лиценцата за работа кои ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст  е неопходен критериум, односно задолжителен услов кој истите мораат да го исполнат,  односно без важечка лиценца за работа овие лица не можат  да  аплицираат за вработување во детските градинки, каде во моментов имаме најголема потреба од вработување на ваков кадар на државно ниво.

Измената на законското решение овозможува во исклучителни ситуации да се предвиди начин на кој ќе продолжи континуирано да тече процесот на полагање на испити за стекнување на лиценца за работа, односно со полагање на испитот  во хартиена форма со времетраење до 01.01.2026 година.

Со измената на законот се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо.

Со овој Закон се менува називот на Министерството за труд и социјална политика, името на министерот и називот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Северна Македонија број 121/2024).

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Проф. Шкариќ: Одложувањето на седницата на Уставниот суд за законот на јазиците покажува дека има политички притисоци

Следно

Муртезани: Засилување на соработката за европска интеграција меѓу Македонија и Молдавија

Latest from Blog

Џеда – музеј под отворено небо каде што историјата се спојува со современиот живот

ЏЕДА (АА) – Улиците на саудискиот град Џеда, кои потсетуваат на музеј под отворено небо со историските џамии и традиционалните градби, се исполнети со динамиката на секојдневниот живот, јавува Анадолу. Џеда, кој

Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром

На Меѓународниот аеродром во Скопје одложени се неколку летови поради маглата што ја зафати скопската котлина во изминатото деноноќие. Според најновите информации на веб страницата на Скопскиот аеродром одложени се летовите од

СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност

Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната билошка терапија. Десет дена овие пацинети чии живот е загрозен, се оставени во незивесност. Оправдано е нивното стравување дека

21-годишно момче следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал

21-годишник е обвинет за напад врз 19-годишна девојка во Скопје. Обвинителството тврди дека на 14 јануари осомничениот ја следел девојката од трговски центар до влез во зграда, каде што ја нападнал и
Go toTop