Сириските деца родени во Туркије за првпат ќе ја видат својата татковина по падот на сирискиот режим

December 12, 2024
1 min read

КИЛИС (АА) – Сириските деца родени во Туркије за првпат ќе ја видат својата татковина, по падот на сирискиот режим на Башар ал-Асад, јавува Анадолу.

Сиријците кои се засолнија во Туркије по почетокот на граѓанската војна во нивната земја, продолжуваат да се враќаат во својата татковина со падот на режимот.

Семејствата ги завршуваат формалностите на турскиот граничен премин со Сирија, Онџупинар, во Килис, од каде што ќе влезат во Сирија по бранот враќања по падот на режимот на партијата Баас, која владееше во земјата 61 година.

Меѓу нив е и Махмуд Хамидо, кој дошол во Туркије пред 11 години со својата сопруга Сабил. Тие прво дошле во Истанбул, а потоа во Кајсери. Во овој период парот работел на различни работни места и во Туркије им се родиле сите пет деца, Али (10), Зекерија (7), Рукије (3), Камер (2) и Џемил (1).

Хамидо за АА изјави дека кога започнала граѓанската војна во Сирија тој штотуку се оженил и дека со сопругата се засолнил во Туркије. Вели дека многу ја сака Туркије и дека заедно со неговите деца ќе одат во Алепо, среќен што повторно ќе го види своето огниште.

Децата на семејството Хамидо, кои никогаш претходно не биле во Сирија, за прв пат ја доживуваат возбудата на заминување во татковината.

„Враќањето во својата татковина, во местото на кое му припаѓаме, е секогаш голем благослов. Туркије е одлична, но да се биде во сопствената земја е едноставно неспоредливо“, рече тој.

Со сопругата и трите деца се враќа и Валид ал Шеик, кој во Газиантеп пристигна пред 12 години. Раскажувајќи дека во Туркије работел во текстилна фабрика, Ал Шеик рече дека со сопругата Нур имаат 3 деца, Абдулазиз (8), Хани (2) и Халид (1), сите родени во Туркије.

„Туркије ни ги отвори вратите, го засакавме ова место и се зближивме со нејзиниот народ. Но, сега е време да се вратиме назад“, рече тој, надевајќи се на нов почеток во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските сноуборд репрезентативци на ФИС Светскиот Сноуборд куп во Кортина

Следно

Регионот во ШОК: За убиство на 9 лица Урош доби 20 години затвор, ова е причината за малата казна

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop