Агелер: „Споменикот на слободата“ во Кочани и скопскиот „Аквадукт“ фасцинираат со грандиозноста

December 11, 2024
1 min read

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, денеска ги посетија  обновениот „Споменик на слободата“ во Кочани и скопскиот „Аквадукт“, споменик на културата од особено значење и значаен белег на градот Скопје.

Со тоа и официјално беше одбележана финализацијата на еден и започнувањето на  друг проект со средства обезбедени од Амбасадорскиот фонд  за културно наследство на САД.

Министерот Љутков, за време на посетата на „Аквадуктот“, изрази благодарност до Амбасадата на САД за поддршката во делот на зачувување на културното наследство, додавајќи дека од 2001 година досега од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД, за зачувување, конзервација и реставрација на нашето културно наследство се доделени околу 2 милиона долари. Тој изрази уверување и дека со заедничка соработка и партнерство со Амбасадата на САД ќе се врати сјајот и на ова значајно културно наследство.   

Амбасадорката Агелер, пак, фасцинирана од грандиозноста и убавината на „Аквадуктот“, порача дека е особено важно тој да биде ставен во функција на туризмот.

Претходно Љутков и Агелер го посетија обновениот „Споменик на слободата“ во Кочани, проект кој, исто така, се реализираше преку Aмбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство, за што беше обезбеден грант од 254 илјади долари.

„Конзервацијата и реставрацијата на ’Споменикот на слободата‘ – уметничко и архитектонско дело на авторите Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ, е резултат на заедничките напори на нашата земја и нашите големи стратешки, политички, економски и културни поддржувачи – Соединетите Американски Држави. Благодарение на нивната поддршка, преку грантот од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД продолжуваме со нашите заложби за обезбедување долговечност на овој навистина репрезентативен споменик од поновата историја на нашата земја“, рече министерот Љутков од Кочани.

Амбасадорката Агелер, пак, подвлече дека е задоволство да се даде поддршка за реставрација на спомениците кои се дел од културното наследство на државата.

Носител на грантот е Општина Кочани, а стручниот надзор го изврши надлежната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип.

Со реализацијата на проектите, културното наследство ќе се стави во функцијата на туризмот.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Триесет дена притвор за В. Стефанов и уште седум обвинети во акцијата „Адитив“, В. Ковачевски недостапен за органите

Следно

СДСМ за случајот „Адитив“: Го поддржуваме секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби, никој не смее да биде над законот

Latest from Blog

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

удбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа синоќа Барселона на гостински терен со 2-1 и со оваа победа се искачија на врвот на шпанската Ла Лига со три бода повеќе и натпревар помалку

Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат

Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, посочува

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини
Go toTop