Триесет дена притвор за В. Стефанов и уште седум обвинети во акцијата „Адитив“, В. Ковачевски недостапен за органите

December 11, 2024
1 min read

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и на уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во акцијата „Адитив“ на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК). 

– Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои утрово беа спроведени во Судот, а поврзани со акцијата од обвинителството означена како „Адитив“, донесоа решенија со кои по произнесување на Јавниот обвинител и приведените осомничени лица, во присуство на нивни бранители, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлозите за определување мерки, за осомничените В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото,  за осомничениот М.С., имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор, соопшти Кривичниот суд.

На осомничените Д.С., С.М., П.Ч., Д.С., А.М., З.Н., З.А., С.М., М.В., Д.Ч., В.М., Н.Н. и С.К. им се определени мерки за претпазливост односно одземени им се патните исправи, имаат обврска повремено да се јавува во судот, имаат забрана за одржување и воспоставување контакти, како и забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело.

– Што се однесува до осомничениот В.К. кој, до овој момент не е лишен од слобода ниту е спроведен или се јавил во судот, до Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот Јавен обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1, т.2, 3. и 6. односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот и Забрана за одржување и воспоставување контакти, за кои судот дополнително ќе одлучува откако истиот ќе биде обезбеден од органите на прогон, велат од Судот и додаваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Нагласуваат дека јавноста треба да биде запознаена дека согласно законските одредби судија на претходна постапка не може да определи построги мерки за обезбедување присуство од мерките кои ги предлага јавниот обвинител.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бизнис секторот со пофалба за Буџетот за 2025 година: Подобра иднина за бизнисот и раст на економијата

Следно

Агелер: „Споменикот на слободата“ во Кочани и скопскиот „Аквадукт“ фасцинираат со грандиозноста

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop