Провинцискиот центар Дера под контрола на опозицијата

December 6, 2024
1 min read

ДЕРА (АА) – Центарот на сириската провинција Дера на границата со Јордан се најде под контрола на опозициските групи кои се судрија со силите на режимот на Башар АЛ Асад, известува Анадолу.

Воената опозиција, кои презедоа акција против режимските сили во провинцијата Дера на југот на земјата, напредуваат со заземање голем број населени места и воени точки во селата.

По жестоките судири, опозициските групи ја презедоа контролата врз центарот на провинцијата од режимските сили.

– Дера – провинцијата во која се запали фитилот на народното востание

Градот Дера има историско значење бидејќи беше едно од местата каде што се роди антирежимски отпор за време на граѓанската војна што избувна во Сирија во 2011 година, кога движењето што започнаа со барањата на народот за слобода беше насилно потиснати од режимот.

Народното движење започна во Дера, во јужна Сирија, кога група студенти на 15 март 2011 година на училишниот ѕид напишаа „Еј докторе (Башар Асад), сега тебе ти е редот“.

Во Дера доминираше опозицијата во периодот 2012-2018 година.

Режимот на Асад, повторно зајакнат од терористичките групи поддржани од Иран и руската воена интервенција, започна копнен напад врз регионот во јуни 2018 година.

Режимот на Асад објави дека ја зазел целата провинција Дера во јули 2018 година.

Откако градот падна под контрола на режимот, илјадници опозиционери и нивните семејства од регионот беа принудени да мигрираат на северот на земјата.

– Случувања во Сирија

Конфликтот започна меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи на 27 ноември во западните села на провинцијата Алепо во северна Сирија.

Антирежимските групи, кои на 30 ноември го зазедоа поголемиот дел од центарот на Алепо од режимските сили, истиот ден ја презедоа контролата над целиот Идлиб.

По жестоки судири групите го зазедоа центарот на градот Хама од режимските сили на 5 декември.

Антирежимските групи почнаа да напредуваат со заземање на некои населени места во провинција Хомс која е од стратешки важната за главниот град Дамаск.

Центарот на округот Тел Рифат беше ослободен од тероризмот за време на операцијата „Зора на слободата“ што ја започна Сириската национална армија против терористичката организација ПКК/ЈПГ на 1 декември во руралните предели на Алепо.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дожд до вторник- УХМР со најнова прогноза (ФОТО)

Следно

Проблематичното дете од ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе следи онлајн настава од дома

Latest from Blog

Забрани за камиони на патните правци Тетово – Попова Шапка, Стража, Маврово и од село Узем до граничен премин Деве Баир

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, на планинските превои Стража, Маврово и од село Узем до граничниот премин Деве Баир, соопшти вечерва ЈП

Активни забрани за камиони на патот Тетово – Попова Шапка и на преминот Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Акативни забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец

СДСМ со ДЕМАНТ до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги потценувајте земјоделците, тие знаат дека парите за субвенциите се проектирани од нашата влада  

Од опозициската СДСМ експресно стигна демант на тврдењата на ВМРО ДПМНЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, дека ‘оваа година е прва, во која се исплаќаат субвенции за тековната

Стојков за ТВ 24: Бугарија мора да одлучи дали ќе ги почитува или ќе продолжи да ги крши одлуките на Стразбур

Потрошени се изговорите за непочитувањe на правата на Македонците, официјална Софија е пред раскрсница – конечно да ги спроведе пресудите од Стразбур или отворено да ги крши одлуките, порача, за ТВ 24,

Турскиот претседател Ердоган се состана со претседателот на ТРСК

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се сретна со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, јавува Анадолу. Состанокот зад затворени врати се одржа во Претседателскиот комплекс во
Go toTop