Мицкоски задоволен што СДСМ е против интерпелацијата за министрите

December 5, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство што опозицискиот СДСМ одлучил да не ги поддржи интерпелациите за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, што во Собранието ги поднесе коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.

Во одговор на новинарско прашање во врска со одлуката на СДСМ да не ги поддржи интерпелациите, премиерот рече дека одредени екстреми во општеството, алудирајќи на партијата на Али Ахмети, се стремат да ја вовлечат државата назад во, како што рече, политичкото мочуриште.

„Драго ми е што дел од политичките партии и покрај тоа што се во опозиција се свесни за ова и дека нема заеднички да дозволиме овие екстреми да нè вовлечат во тоа политичко мочуриште. Мислам дека граѓаните полека ги изолираат сите оние коишто се за несигурност, нестабилност, конфликти. Мора да бидат отфрлени и изолирани. Во таа улога е денеска ДУИ, којашто некогаш се претставуваше за прозелена партија, а денеска гледаме дека е главен генератор на нестабилност, несигурност и конфликти и се обидува да генерира конфликти во Македонија“изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Новиот Извршен одбор на СДСМ синоќа на својот прв состанок донесе одлука да не ги поддржи интерпелациите за министерот за внатрешни работи, неговиот заменик и вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ.

За смирување на тензиите во општеството од неодамнешните инциденти, во кои во одделни случаи беа сквернавени државното знаме, албанското национално знаме, како и државни симболи на Република Србија, според Извршниот одбор на СДСМ, бил потребен поинаков пристап, односно одржување лидерска средба.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Корупцијата е рана на секое општество – нулта толеранција за корупција

Следно

Минчев: Етничката застапеност во вработувањето без балансер била многу поголема, отколку кога имало балансер

Latest from Blog

Соработка на Министерството за енергетика и ФЕИТ

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува

Мерните станици во Охрид особено навечер покажуваат енормна загаденост

Воздухот во Охрид урива рекорди по загаденост особено во вечерните часови. Екологистите се се позагрижени, од година во година аерозагадувањето е се поголемо. Велат се започна пред неколку години со изградба на

Туркије планира обнова и модернизација на аеродромите во Дамаск и Алепо

АНКАРА (АА) – Министерот за сообраќај и инфраструктура на Република Туркије, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека извршиле евалуации поврзани со обновата и модернизацијата на сириските аеродроми во Дамаск и Алепо и најави дека

Скандалозна изјава на високиот функционер на СДСМ, Љупчо Зиков – Против поевтинување на цените, сме живееле во капитализам

Додека граѓаните мака мачат со покривање на основните трошоци за живот, поранешниот СДСМовски функционер Љупчо Зиков јавно се изјасни против намалувањето на цените во маркетите! -Социјалната кошничка не е и не може
Go toTop