Соработка на Министерството за енергетика и ФЕИТ

December 24, 2024
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии.

Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски.

Како што соопшти денеска МЕРМС, оваа соработка има за цел да поттикне иновативни истражувања, развој на нови технологии и едукација на висококвалификувани кадри, кои ќе придонесат кон одржливи енергетски решенија и економски развој на земјата.

– Овој меморандум ја потврдува нашата заедничка цел – да ги поддржиме младите инженери и да ја зајакнеме врската меѓу науката, образованието и индустријата.Заедно ќе работиме на проекти кои ќе ја унапредат енергетската ефикасност и ќе создадат нови можности за нашите млади инженери, изјави министерката Божиновска.

Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Атанасовски, истакна дека оваа соработка ќе овозможи на студентите и истражувачите пристап до реални проекти и ќе ги подготви за предизвиците на современата енергетска индустрија.

По потпишувањето, министерката и деканот одржаа академски час со студентите на ФЕИТ, при што се разговараше за предизвиците и можностите за развојот на младите инженери и иновации во енергетскиот сектор. Министерката им порача на студентите дека Владата е посветена на создавање услови за нивно професионално реализирање дома.

– Нашата цел е јасна – да ви понудиме работа која ќе биде вистински предизвик за вашето знаење и креативност, за да останете тука и да придонесете за својата земја. Сигурна сум дека токму од вас, од вашите идеи и ентузијазам, ќе произлезат иновации кои ќе го обликуваат енергетскиот сектор во Македонија, рече Божиновска.

Деканот Ташковски нагласи дека меморандумот ќе им овозможи на студентите да стекнат уникатно искуство преку практикантска работа и вклучување во проекти од национално значење. Со ова партнерство, Министерството и ФЕИТ испраќаат јасна порака дека вложувањето во образованието и науката е клучно за обезбедување на одржлива и просперитетна енергетска иднина за Македонија.

-Ова е партнерство кое ги инспирира идните генерации инженери и отвора нови можности за академијата, индустријата и општеството, заклучи Божиновска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мерните станици во Охрид особено навечер покажуваат енормна загаденост

Следно

Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

Latest from Blog

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено
Go toTop