Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

December 5, 2024
1 min read

На синоќешното гостување во емисијата „Објектив” на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката на Весна Дамева и појасни дека и Дамева и претходната претседателка, како и Наќе Ѓорѓиев, се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%.

„Да ве потсетам, во минатото, Судскиот совет на затворена седница, има одлучено да сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев и ако тоа го споредите со извештаите на ЕК, каде што на најстрог начин беше пренесено да се преземат мерки”, истакна Лефков.

Пратеникот додаде и дека одредени членови на Судскиот совет и одредени судии, се дел луѓето заради кои не може да се воспостават реформи во правосудството.

„Токму оние кои што се дел од една одредена политичка игра, кои што долгуваат на оние кои што ги донеле на тие места, долгуваат „хипотеки” на некои многу важни политички актери во минатото и не знаејќи како да се ослободат од истите, тие се најголеми кочничари на реформи во правосудството”, заклучи Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претежно облачно со локални врнежи од дожд – на планините снег!

Следно

Јужнокорејската опозиција планира во сабота да гласа за предлогот за импичмент на претседателот

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу. Демонстрантите

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Во Скопје утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на средбата на лидерите од Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник)
Go toTop