Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

June 29, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу.

Демонстрантите носеа фотографии од заложниците, израелски знамиња и транспаренти со критики кон владата.

Израел проценува дека 50 заложници се наоѓаат во Газа, од кои 20 се верува дека се живи.

Во исто време над 10.400 Палестинци се држат во израелските затвори, каде се соочуваат со тортура, изгладување и медицинско занемарување, што доведува до бројни смртни случаи, се наведува во извештаите на палестинските и израелските групи за човекови права и во медиумите.

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрих се спротивставуваат на каков било договор за прекин на војната, заканувајќи се дека ќе ја напуштат владата доколку се постигне прекин на огнот.

Израелската опозиција и семејствата на заложниците го обвинуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху за продолжување на војната, сакајќи да ги смири своите крајно десничарски коалициски партнери за лична политичка корист, за да ја одржи власта.

Израелската армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува брутална офанзива против Газа од октомври 2023 година. Во израелските напади досега се убиени речиси 56.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во скопско Визбегово, гори висока сува трева, на терен пожарникарите

Следно

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop