Перински: Без млади, нема иднина- ни за локалната самоуправа, ни за државата

December 4, 2024
1 min read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ се осврна на клучните мерки на Владата насочени кон младите, при што нагласи и дека младите се клучот за иднината на државата и дека вложувањето во нив е приоритет за секоја институција.

„Оваа Влада и премиерот Мицкоски се многу фокусирани во оваа насока. Мерките што ги предвидуваме ние, во оваа власт, се насочени кон младите. Предвидуваме електронски уред за секој студент, без разлика дали е на државен или приватен факултет, што е исклучително битно“, истакна Перински.

Перински најави и финансиска поддршка за младите претприемачи и нагласи дека се издвоени 10 милиони за стартапи за лица до 29 години.

„Предвидуваме 10 милиони за стартапи за лица до 29 години. Навистина суштински е потребно, затоа што младите луѓе се многу пообразовани од она што ние мислиме дека се. Ако им се овозможи оваа алатка, тие ќе имаат мотивација да се градат и развиваат во рамки на сопствената држава“, изјави Перински.

Перински ја нагласи и важноста на подобрувањето на условите за образование.

„Иако не е мој ресор директно, како влада сме насочени кон реконструкција и вложување во инфраструктурата во рамки на факултетите и во реконструкција на студентските домови, за што се предвидени 18 милиони евра“, кажа Перински.

Перински на крајот на својата изјава испрати силна порака.

„Верувајте ми, без млади нема иднина, ниту за локалната самоуправа, ниту за државата. Ние, како влада и локална самоуправа, ги мотивираме да останат, да растат и да се развиваат тука. Бидејќи, секаде на друго сте гости, само дома сте дома. Младиот човек треба да има соодветно образование и услови за реализација. Потоа, треба да му се пружи алатка како своите идеи, стекнати преку образовниот процес, да ги реализира и надоградува во рамки на својата држава“, заклучи Перински.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка

Следно

УНИЦЕФ: Од февруари 2022 година секој ден загинуваат по две украински деца

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу. Демонстрантите

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Во Скопје утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на средбата на лидерите од Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник)
Go toTop