По налог на Заев, Филипче го изолира Црвенковски од СДСМ?

December 4, 2024
3 mins read

Нова „статива“ за претседателот на СДСМ. Бадијала испаднаа фалбите на Спасов за Филипче, кои ќе останат само лош обид на стариот социјалдемократ да „го воздигне“ новиот лидер во очите на членството, очајно и крајно деприминирано од изборниот дебакл. Утка на Спасов со обидот со бескраен пиетет да го спореди Венко со за нив (старото јадро), партиската икона Бранко Црвенковски.

Парадоксално или не, но понесен од минатото и заборавајќи дека се работи за лик кој е несомнен избор на екс лидерот Заев, тој  во „творечки немир“ срочи: „Ваков говор немало од времето на Црвенковски!!!“ Сепак, тој изуми дека Филипче има пиетет, бескрајна почит и долг кон Заев, кој го намести на позицијата. Заборави ли Спасов дека екс-лидерот  и сегашна сива еминеннција ЗЗ доби силни шлаканици од Црвенковски за името и распродажбата на идентитетските одредници, особено за посватувањето со Бугарите. Следствено на тоа и новокомпонираниот „чувар на тронот“ не го сака и од сите претходници не комуницира единствено со Црвенковски. Дали, за да Венко не го навреди Зоран?

Филипче, завчера, запрашан чуму е единствен претседател кој не се апстрахира од претходникот (политички аксиом кој е непишана пракса во Македонија), тој полн со почит и фацијална експресија од која бликаше нескриено задоволство од шансата која му ја пружи истиот тој Заев, изјави:

Не сметам дека треба да расчистуваме со нашите претходници. Јас имам одлична комуникација и со Зоран Заев и со останатите поранешни претседатели, со Димитар Ковачевски, со Радмила Шекеринска, со Владо Бучковски и со нив се консултирам, меѓутоа јас сум тој што ги бара и што бара нивни совети. Ниту еден од споменатите не се луѓе што мене ми се јавиле и сакале со нешто да влијаат на креирање на некаква политика или да влијаат на некое кадровско решение. Ниту еден од нив, апсолутно. Јас како претседател на партија сега преземам одговорност за функционирањето на партијата и нема да дозволам да има некој да влијае на тие процеси. Меѓутоа, тие луѓе се тука секогаш да помогнат поради тоа што во еден одреден временски период секој еден од нив се вложил себеси за да оваа партија биде тоа што е сега, вели Филипче.

Ги спомна сите, дури и претседателката која кусо го водеше СДСМ и оствари најлоши резултати до Ковачевски, но не и Црвенковски. Во превод, Филипче е прв претседател на СДСМ кој се дистанцира од првиот претседател на партијата, основач и партиска икона Бранко Црвенковски. Тоа не го стори ниту полтичкиот маргиналец Таче. Познавачите ова го толкуваат како целосно погрешен потег на  новиот лидер, кој со тоа само докажува дека е продолжена рака на Заев. Фалбите и дружбата со него, како онаа во Дубаи на Харис Џиновиќ, само го поткопуваат неговиот и онака лош имиџ, а дистанцирањето од основачот и човек со кој партијата го доживеа најголемиот подем и најубави времиња за СДСМ (не и за Македонија) може само да биде контр-аефект кај членството кое има бескраен пиетет и почит кон во партиските кругови популарно наречениот Папа.

Аналитичарите додаваат дека грешката во чекори е сторена – проблемот е што Филипче во оваа ситуација (во опозиција и со тежок багаж од претходните седумгодипшни антимакедонски злодејанија)  ни на сон не може да пледира кон ново членство и треба да се труди да го задржи она малку што остана со СДСМ, членство кое одамна се почесто тропа на вратата на ЗНАМ и Максим, како претставник на постулатите на старото СДС, а се помалку и кај Левица, најмногу поради веќе хистеричниот им лидер. Во таква состојба и „преселба на народите“ од Бихаќка во Куманово, познавачите препоорачуваат Филипче јавно и јасно да се покае за гревовите на неговоите непосредни претходници, Ковачевски и Заев, за промената на името, бугаризацијата на евроинтегративниот процес, албанизацијата на Македонија и неаргументираната двојазичност, економската катастрофа, генералните секретари кои крадеа како улави, тендери, грантови, Фондови за иновации, магариња и фризерници. Ова е време, кога насушно му треба старот членство, кај кое, дефинитивно, нема да добие симпатии со бегање и апстрахирање од Црвенковски.

Сепак, тоа е она што треба и е во рамките на ШББКББ – „што би било, кога би било“, односно – кога Филипче не би бил само чувар на тронот на сивата еминенција која се уште ја води партијата, Заев. Лик кој одвреме навреме, по веќе лоша навика, си црпнува и си мести „нов“ лидер на СДСМ. Човек кој ја киднапираше партијата од Бихаќка, веќе 11-та сезона, почнувајќи од неговото „назначување“ во 2013-та. Ако се сомневата, видете го само „новото“ раководство на партијата. Таму нема ниту еден лик од старото СДСМ, акт кој заради задржување на старото членство, го практикуваше секоја претходна гарнитура, ставајќи по некој познат социјалдемократ од минатото да биде дел и од новите шеми. Бил тоа Макрадули, Зечевиќ, Андреј Петров. Сега втор човек е Фани Сорос, која лично призна дека освен Филипче, во СДСМ знаела само два-тројца…

По кулоарите велат дека и Спасов веќе е во „аут“, оти овојпат силно ја утна. Тој со фалбите, како синот со резултатите од анкетите, крвта не е вода. Ако сакаше да ќари симпатии и проекти од „новото“ СДСМ, требаше да настапи и да напише поинаку. Никако „Ваков говор не е слушнат од времето на Црвенковски“, туку „ВАКОВ ГОВОР НЕ Е СЛУШНАТ ОД ВРЕМЕТО НА ЗАЕВ“. Така ќе имаше „проѓа“ кај новото раководство и ќе добиеше симпатии кај Филипче, а што е побитно и кај вистинскиот „пали-гаси“ фактор, Заев.

Колку неверојатно смешно и да звучи реченицата „Ваков говор не е слушнат од времето на Заев“, нели…

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сомнителна кеса со плински боци и запалива течност пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина

Следно

Зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Latest from Blog

Другата недела во вторник, пред пратениците ќе се најде Предлог буџетот за 2025 година

За една недела, во вторник (10. декември) пред пратениците ќе се најде Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневниот ред на 22 собраниската

Што би значело укинувањето на Вториот столб за осигурениците? Одговара Саздов

Дарко Саздов од МАПАС вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што би значело укинувањето на Вториот столб во пензискиот систем. „Дефинитивно ќе направиме поголеми проблеми затоа што веќе имаме големи инвестиции

Мицкоски за две недели повторно на самит во Брисел, ќе продолжел со нови аргументи

По враќањето од Брисел премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека новото раководство на Брисел го запознал со владините аргументи за надминување на спорот со Бугарија. Тој најави дека разговорите ќе продолжат и тоа

Ноќна обиколка низ Богота со божиќен воз

Стотици жители на Богота, главниот град на Колумбија, уживаа во возењето со божиќниот воз Савана во рамките на прославата на празничната сезона, јавува Анадолу. Дизел локомотивата со 14 вагони украсени со прекрасни
Go toTop