Куќа во Тафталиџе: Таравари станал прв комшија на идниот министер за здравство и на економист во „Пуцко“!

February 17, 2023
2 mins read

Куќата што ја стекнал лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во скопско Тафталиџе се уште е дел од дебатата во парламентот, каде веќе неколку дена трае расправата за владината реконструкција, во чии рамки треба да се изберат нови членови на владата од редовите на најновиот партнер – АА, објавува Фокус.

Од една страна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Таравари дека оваа куќа ја добил на подарок поради тоа што го свртел курсот на Алијанса од опозициска партија со цел да стане дел од мнозинството на СДСМ и ДУИ. Уште на почетокот на собраниската расправа, партискиот потпретседател и пратеник Александар Николоски рече:

„Таравари пријавил дека куќа од 256 квадрати купил за 150 илјади евра. Како во центарот на Скопје се купува куќа по 500 евра квадрат? Но, и дали воопшто тие 150 илјади евра воопшто се платени, зашто, според нашите сознанија, нема трансакции и на тие 150 илјади евра. Дали една од цените за влез во Владата е убавата куќа во Тафталиџе која му е поклонета на господинот Таравари, исто така, од еден функционер во оваа Влада од ДУИ?“.

Наспроти тоа, пратениците на Алијанса возвраќаат дека куќата е купена во 2021 година, кога, како што велат, Таравари имал блиска соработка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и токму во таа куќа, според нив, тие договарале ново парламентарно мнозинство. Ваквите обвинувања ги прокоментира и Таравари, кој за „Фокус“ изјави:

„Куќата е купена во 2021 година, постапката и документацијата за купопродажба е во целост чиста. Имаме и доста за реновирање, а кредитот, здравје, ќе го плаќаме подолго време. Ве канам на кафе во својот дом и да видите за што станува збор. Се надевам дека тие што обвинуваат еден ден и самите ќе дозволат да ѕирнете во нивното секојдневие. Па, и да направите споредба…“.

ШТО ВЕЛАТ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ?

„Фокус“ изврши проверка во Катастарот на недвижности, од која произлезе дека Арбен Таравари, преку имотен лист со број 47531, поседува земјиште од 100 квадратни метри и станбен објект-куќа од 261 квадратни метри, на улица Бриселска во Карпош. Всушност, објектот е лоциран на катастарска парцела со број 1432/2, во рамки на катастарска општина Карпош.

Впрочем, Таравари куќата уредно ја пријавил во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, каде навел дека ја стекнал по пат на купопродажба за цена од 9.2 милиони денари или 150 илјади евра. Во анкетниот лист не е наведено кога е склучен договорот, но, според одговорите што ги добивме од Таравари, куќата ја купил во 2011 година со помош на кредит.

Во однос на нашето прашање дали куќата е купена од функционер на ДУИ, како што го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Николоски, Таравари ни рече дека нема таква информација. Како што истакна тој, куќата му ја нашол пријател, а се договарал со жена која нема врска со политиката. Сепак, не откри за кои луѓе станува збор.

КУМОВИТЕ СТАНУВААТ СОСЕДИ

Официјалните податоците што ги обезбедивме покажуваат дека во непосредно соседство на новиот дом на Арбен Таравари недвижен имот поседува неговиот сопартиец Фатмир Меџити, кој е предложен за нов министер за здравство, на местото на Беким Сали до Алтернатива. Конкретно, Меџити поседува објект од над 300 квадратни метри лоциран на катастарска парцела број 1328, спроти куќата на Таравари.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија

Следно

Јунајтед доби историска понуда, еве што нуди новиот потенцијален сопственик од Катар

Latest from Blog

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску
Go toTop