Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија

February 17, 2023
1 min read

Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници.

ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. За разлика од оваа опозициска организација, државната телевизија соопшти дека загинале 53 лица.

Во кусото соопштение на американската војска се наведува дека нападот врз лидерот на ИД бил извршен во четвртокот вечерта во соработка со курдските борци од Сириските демократски сили, сојузници на САД.

Како што беше соопштено, во експлозијата при погодувањето на целта се ранети четворица американски војници. Не беше прецизирано кој дел од североисточна Сирија е извршен нападот, но беше наведено дека е потврдено дека е убиен лидерот на ИД – Хамза ал Хомси.

Американската војска уби двајца водачи на ИД во Сирија во изминатиите неколку години.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Очигледно е дека Украина нема да биде последната станица на Путин, порача Зеленски од Минхенската конференција

Следно

Куќа во Тафталиџе: Таравари станал прв комшија на идниот министер за здравство и на економист во „Пуцко“!

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop