ВМРО-ДПМНЕ: Од урлањето на Заев дека ќе донесе правда во Македонија, остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас

December 3, 2024
1 min read

Од слоганот на СДС „Нема правда нема мир“, но и од правдата на која се надеваа дел во учесниците во Шарената револуција, денес правосудството е на дното, а довербата на граѓаните во судството и обвинителството блиску до нула, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Надежта за правда, на која се фокусираше СДС, заврши неславно со инсталирање на обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал. Од урлањето на Зоран Заев дека ќе донесе правда во Македонија, остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас кои ги опструираат предметите и не постапуваат. Љупчо Коцевски 6 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него. Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот, тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Коцевски е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ.

-Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас. Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, нивите купувани вдолж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети за кои известуваа медиумите. Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите, посочуваат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дневен хороскоп за вторник (03.12.2024)

Следно

Ирска: Владејачката коалиција го изгуби парламентарното мнозинство на парламентарните избори

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу. Демонстрантите

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Во Скопје утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на средбата на лидерите од Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник)
Go toTop