Осумнаесет мигранти пронајдени мртви во камион близу Софија

February 17, 2023
1 min read

Првичните информации велат дека камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото. Причината за смртта на мигрантите засега е непозната, но полицијата ја исклучува можноста за сообраќајна несреќа

Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се пронајдени мртви во напуштен камион во бугарското село Локорско во околината на Софија, информира Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Според првичните информации, како што јавува Бугарската национална телевизија (БНТ), камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото.

„Засега не е позната причината за смртта на лицата, но исклучена е можноста за сообраќајна несреќа“,

прецизираат од МВР на Бугарија, додaвајќи дека се трага по возачите на камионот.

По добиената пријава, на местото на настанот пристигнале лекарски екипи кои констатирале смрт кај 18 лица. Според БНТ, во несреќата се повредени 34 лица, меѓу кои и пет деца. Повредените се пренесени в болница.

Министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев, изјави дека повеќето од повредените се во тешка состојба, но дека не се во животна опасност.

„Страдаат од недостаток на кислород, облеката им е влажна, смрзнуваат и очигледно не јаделе со денови“,

рече Меџидиев.

Истрагата за смртта на мигрантите ќе ја преземе Националната агенција за истраги.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје

Следно

Пребарувал под урнатините со багер, па зградата започнала да се урива како кула од карти – кога се кренала прашината сведоците останале подзинати (ВИДЕО)

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите
Go toTop