Пребарувал под урнатините со багер, па зградата започнала да се урива како кула од карти – кога се кренала прашината сведоците останале подзинати (ВИДЕО)

1 min read

11 дена по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 43.000 луѓе, меѓународните хуманитарни агенции ги засилуваат напорите да им помогнат на милиони бездомници, од кои многумина спијат во шатори, џамии, училишта или автомобили.

Две лица беа извлечени живи од урнатините во Турција во четвртокот, но таквите исходи стануваат се поретки како што одминува времето. Кај населението преовладува гнев, а надежта постепено умира.

Како што објавија локалните власти во петокот, во земјотресот во јужна Турција загинаа најмалку 38.044 луѓе, а властите во соседна Сирија објавија 5.800 загинати. Покрај спасувањето, во тек е и чистење на урнатините и санација на објектите. Некои од нив се толку оштетени што се многу опасни за околното население. Турскиот медиум Сабах објави видео на кое тоа го покажува.

Како што пишуваат, багеристот Ведат Јилдирим работел на една таква зграда во областа Антакија.

Зградата потоа почнала да се урива, а мажот избегал во последен момент.

„Кога сфатив дека зградата ќе се урне, веднаш скокнав од багерот и почнав да трчам. Одеднаш се крена прашина на сите страни. Не знаев каде да бегам“, изјави тој за турската НТВ.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Осумнаесет мигранти пронајдени мртви во камион близу Софија

Следно

СТАНАЛ ТАТКО КОГА ЗЕМЈОТРЕСОТ СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА СÈ – денес го извадија жив по 11 дена и прв пат си го виде бебето, ОД ГЛЕТКАТА ЌЕ СЕ НАЕЖИТЕ (ВИДЕО)

Latest from Blog