ВО ВАКОВ МОМЕНТ МИ Е НЕПРИЈАТНО ШТО СУМ ЖИВ, КАЖА ГОРАН ТРАЈКОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА МОНОГРАФИЈАТА ЗА НЕГО

December 1, 2024
1 min read

Култниот македонски музичар Горан Трајкоски призна дека му е непријатно што е жив и што може да сведочи на излегувањето на монографијата за него, која беше промовирана вчера во Галеријата на Младински културен центар во Скопје. Едноставно насловена „Готра“, ова е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години, но прва што ја посветува на една личност.

Трајкоски, кој беше дел од бројни музички проекти, меѓу кои се издвојуваат „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“, доби стоечки овации од присутните по завршувањето на промоцијата, по што многумина сакаа да им ја потпише книгата, а некои донесоа и цедеа и плочи.

„Готра“ е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години (Фото: Г. Конев)

„Кога Тошо првпат ме праша дали сакам да прави вакво нешто, тоа беше еден од најтешките периоди во мојот живот, зашто бев на пат да ја изгубам мојата животна сопатничка. Му реков прави што сакаш, јас не можам да ти помогнам. Не ме контактираше премногу, само за некои фотографии и текстови. Книгата уште не сум ја видел, но мора да кажам дека се чувствувам доста непријатно што сум жив. Не знам како да реагирам на ова, мојата претстава за вакви моменти отсекогаш била поинаква. Пред неколку месеци дури му реков да ја одложи книгата за барем две години зашто во следниот период сакав да направам уште неколку албуми, па и нив да ги внесе. Но, тоа не ми беше целта, мислев ќе се откаже“, изјави Трајкоски.

Книгата, чиј издавач е „Корпус деликти рекордс“, содржи над 200 фотографии на 333 страници и изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан.

Трајкоски потпишуваше книги, но и цедеа и плочи (Фото: Г. Конев)

Филиповски кажа дека и оваа книга треба да му покаже на западот дека имаме култура рамна на тамошната и во некои случаи и поквалитетна и се осврна на тоа како Трајкоски влијаел врз неговиот живот.

„Еден од оние на кои треба да бидеме горди и да им оддадеме почит е Горан Трајкоски, кој на некој начин ми го насочил животот, го сменил од тинејџер пубертетлија кој растел во Кочани во 1980-тите во овој сегашен Тошо Филиповски. Тој беше првиот кој ме пречека и прими кога дојдов во Скопје во 1987, ме упати во сцената и луѓето и потоа продолживме да комуницираме преку писма. Во 1990-тите ни се разидоа патиштата, тој со ‘Анастасија‘, јас панкер кој сака да го менува светот. Ние не сме се дружеле многу, но преку писмата и музиката, Готра многу ме инспирираше“, рече Филиповски, најавувајќи дека веќе од следната недела почнува да пишува нова книга.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РКЕ утре ќе ја соопшти новата цена на струјата

Следно

Таравари: За прв пат во историјата на Македонија има уапсен за палење на албанското знаме

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop