Турско МНР: Приоритет на Туркије е одржувањето на мирот во сириски Идлиб и соседниот регион

November 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Главна грижа на Туркије е зачувувањето на стабилноста во сириски Идлиб и околните области, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Одржувањето на мирот во Идлиб и во соседниот регион, кој се наоѓа на нултата точка на нашата граница, е приоритет за Туркије“, истакна портпаролот на Министерството Онџу Кечели.

Спомнувајќи дека од 2017 година се постигнати неколку договори за зоната на деескалација во Идлиб, Кечели рече дека Анкара внимателно ги исполнува барањата од сите договори во кои е вклучена.

Изјавите доаѓаат по вестите дека вооружените групи кои се спротивставуваат на сирискиот режим на Башар ал-Асад, се пробиле до центарот на градот Алепо, преземајќи контрола на територија од 400 квадратни километри. Според изворите, тие влегле и во стратешки важниот град Саракиб во Идлиб.

„Ние предупредивме на различни меѓународни платформи дека неодамнешните напади на Идлиб достигнаа ниво што го поткопува духот и спроведувањето на договорите од Астана и дека има големи цивилни жртви“, рече Кечели.

„Нагласивме дека овие напади мора да завршат. Всушност, неодамнешните судири резултираа со несакана ескалација на тензиите во регионот“, додаде тој.

За Туркије, спречувањето на понатамошна и поголема нестабилност и осигурувањето на безбедноста на цивилите е од најголема важност, потенцираше тој.

Анкара, исто така, „внимателно го следи“ порастот на нападите врз цивилите и врз Туркије од страна на терористичките организации во Тал Рифат и Мунбич, кои се обидуваат да ја искористат моменталната нестабилност, рече тој.

„Понатаму, загрижени сме што претходните договори постигнати со релевантните страни за ставање крај на присуството на терористите во овие области сè уште не се исполнети“, рече официјалниот турски претставник.

Согласно посветеноста на единството и територијалниот интегритет на Сирија, како и приоритетот за борба против тероризмот, Туркије внимателно го следи развојот на настаните, заклучи Кечели.

Граѓанската војна во Сирија трае од 2011 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим: Нема изговори, мора да го победиме Евертон

Следно

НРБМ ги предупредува граѓаните да внимаваат каде купуваат на “Блек фрајдеј”

Latest from Blog

Коњановски: „Илинденски денови“ ја претворија Битола во светска сцена на фолклорот

Со свечено доделување на признанија и награди за најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци, синоќа беше затворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните

БРАКО со нов успех: GM 955 оди на финално тестирање во Германија

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV

“Земјотрес“ во Турција: Салах во Трабзонспор за 15 милиони евра годишно!?

ФОТО: Liverpool FC/FB Фудбалски “земјотрес“ во Турција. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, наводно Мохамед Салах постигнал двогодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи на 2 август. Според
Go toTop