Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

November 28, 2024
3 mins read

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го имате вие“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.

„Ако ние сме ги менувале позициите согласно потребите ниту Акуо Енерџи, ниту Митилинеос сончевиот парк во Пехчево, ниту белгиската инвестиција не се најдоа во парламент. А не се најдоа во Парламент и нема да се најдат во Парламент под тие услови кои вие ги прифативте поради многу причини. А тие причини овие сите инвестиции ги разликува од оваа инвестиција за која што јас зборував Алказар“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски објасни детално зошто Алказар инвестира во државата и објасни дека за истата таа компанија нема поволности, како и дека не е согласност Законот за стратешки инвестиции, туку самата компанија настапува на слободниот пазар.

„За инвестицијата Алказар, господине Фатмир Битиќи не е потребно да има владина седница, затоа што нема поволности и не е согласност Законот за стратешки инвестиции, затоа што самата компанија настапува на слободниот пазар со производот кој што ќе го произведе откако ќе биде готов овој ветерен парк. Не нудиме загарантиран откуп со загарантирана цена за период од 15, 20 или 25 години, не нудиме даночни ослободувања и слично. Не нудиме земја гратис, туку урбанизација и се разбира купување на таа земја согласно процедурите и применливото право, приклучок согласност правилата на МЕПСО без повластени тарифи, без повластени договори, без тајни и скриени агенди итн. Со други зборови разликата помеѓу оваа инвестиција за која јас зборам од половина милијарда долари и овие за кои вие зборувате е црно бела, бидејќи кај оваа нема никакви привилегии а кај овие другите инвестиции вие дававте се“, додаде премиерот Мицкоски.

„Еве ќе почнам од првата. Акуо Енерџи точно станува збор за реномирана француска компанија и беа кај мене. И разговаравме и кога бевме во опозиција и разговаравме и кога сум претседател на Владата. Им ги кажав трите суштински забелешки. Еве ќе ви ги кажам и вас, не можам да се сложам опфат на сончева централа да биде земјоделско земјиште да биде од прва, втора или трета категорија. Затоа што мислам и убеден сум дека таквото земјоделско земјиште треба да се обработува, да носи производи и од тие производи да се хранат македонските граѓани. И затоа им предложив во опфатот да си обезбедат земја која што ќе биде четврта и повисока категорија, затоа што таквата земја нашите земјоделци не ја користат или многу малку ја користат“, нагласи Мицкоски.

„Второ, не можеме во четири очи. Туку тоа мора да биде јавна и транспарентна постапка која што ќе ја прави општината. Не можеме преку четири очи преку законот за стратешки инвестиции. Трето, имајќи во предвид дека соларните централи се трудово неизнтензивни објекти, не вработуваат луѓе, можеби неколкумина кои се грижат за безбедноста и целиот мониторинг на производство на телефон, толкава инсталирана моќност може да направи технички импликации на системот. И ги поставив прашањата кои ќе ве балансира, затоа што во еден момент вие ќе имате 400 мега вати кои нема да ви требаат, прашањето беше кој ќе ве балансира, им понудив да си инсталираат батерии. Се прави законот преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство и им го понудив како опција тоа. И конечно на крај, не можеме ние да им понудиме како опција 55 евра мегават час само на нив, а на останатите кои што денеска произведуваат електрична енергија од сончеви панели и ја продаваат на слободниот пазар да не им го понудиме истото тоа. Што се тие по привилегирани од останатите“, дециден е Мицкоски.

„Прво Митилинеос дури и кога беше донесен стратешкиот договор овде беше со измината банкарска гаранција. Второ тие услови кои вие им ги понудивте, јас ви гарантирам дека најмалку 10 македонски бизнисмени утре ќе инвестираат. Зошто да го дадеме тоа на Митилинеос, ајде нека го инвестира ЕСМ или некој македонски бизнисмен, рече тој и посочи дека истото важи за сите инвестиции“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски порача доколку другите инвеститори сакаат да инвестираат под условите како Алказар, слободно да дојдат утре да потпишат договор, укажувајќи дека времето „како до сега“ каде одредени инвеститори имале привилегии затоа што некој политички моќник имал интерес заврши.

„Не може ние да даваме привилегии, ако на еден дадеме ќе мора на сите да дадеме. Не може на едни да дадеме затоа што некој политички моќник имал интерес, а на другите да не даваме. Тие времиња „како до сега“ завршија. Сакам да бидам најдиректен, разликата е огромна, под истите услови кои што инвестира Алказар, сите овие нека дојдат утре ќе ги потпишеме договорите“, порача Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ во ЕУ од 2,9 милијарди евра

Следно

Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него

Latest from Blog

Проданоски: Вечно ќе ја чуваме храброста и жртвата на бранителите од Карпалак

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, при што животите ги загубија десет прилепски бранители. Проданоски истакна дека нивната жртва останува длабоко

Дали е изненадување: Аргентина со поддршка за Инфантино!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под голем притисок. Многу сојузи се изјаснија против него и се создава силна опозиција. Сепак, Швајцарецот добива и одредена поддршка, а најновата доаѓа од Фудбалската

„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Само 15 отсто од вработените земале регрес за годишен одмор заклучно со први јули. Просечниот нето-износ на исплатен регрес изнесува 28.562 денари. Оние работодавачи во приватниот сектор што сега исплатуваат регрес за

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во јули се намали на 2,3 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови. Според податоците на
Go toTop