Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ во ЕУ од 2,9 милијарди евра

November 28, 2024
1 min read

Европското јавно обвинителство откри голема криминална група која  која преку измама со ДДВ предизвикала штета во висина од 2,9 милијарди евра. Истрагата, која почнала во ноември 2022 година, утврдила дека осомничените користеле софистицирана криминална шема за да се стекнат со голема финансиска корист.

Тргувајќи со електронски уреди, тие ги искористила правилата на ЕУ за прекугранични трансакции меѓу земјите-членки, и фактот дека тие се ослободени од данок на додадена вредност. Повеќе од 400 компании биле дел од оваа сложена измамничка шема, која исто така се користела и за перење пари стекнати од трговија со дрога, компјутерски криминал и инвестициски измами. Првите луѓе на групата, со својата империја управувале од балтичките држави, Литванија и Летонија.

„Осомничените основале компании во 15 земји-членки на ЕУ, делувајќи како легитимни добавувачи на електронски производи. Тие продале популарни електронски уреди во вредност од над 1,48 милијарди евра преку онлајн пазари на клиенти лоцирани во ЕУ. Додека крајните потрошувачи плаќаа ДДВ за своите набавки, фирмите продавачи не ги исполниле даночните обврски. Тие едноставно исчезнале и избегнале да ги префрлат износите до надлежните национални даночни власти. Другите компании во синџирот на измама, побарале враќање на ДДВ од националните даночни власти. Приходите од оваа криминална активност биле префрлени на офшор сметки.“ – Европско јавно Обвинителство. 

Извршени се повеќе од 350 претреси во 16 држави членки на Европската Унија. Приведени се 32 лица во Естонија, Летонија и Литванија. Запленети се голем број на документи и електронски уреди во вредност од 47 милиони евра, неколку луксузни автомобили и речиси 150 илјади евра во готовина. Покрај ова, замрзнати се 62 банкарски сметки со вредност од над 5,5 милиони евра.

Во средината на ноември, Европското обвинителство спроведе слична истрага за измама со ДДВ, акција која доведе и до апсења во Бугарија. Според истрагата, лица поврзани со неколку мафијашки кланови создале високопрофитабилна шема за затајување данок и предизвикале штета во висина од 520 милиони евра.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Извори од Брисел: Решението за деблокада мора да биде дел од преговарачката рамка

Следно

Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

Latest from Blog

Се докажа дека создавањето атмосфера на етнички тензии, како таа пред Уставен, е за спас на криминалците од ДУИ и СДС, како Артан Груби

ДУИ се демаскирани, прочитани и поразени. На ДУИ веќе никој не им верува. Од ДУИ се откажаа и стратешките партнери САД, како и нивните членови и поддржувачи. Само ДУИ и Али Ахмети

Видеолотарија ја реализираше традицоналната крводарителна акција

Во декември, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција. Видеолотарија Касинос Австрија во соработка

Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД

Одржувањето безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти  мисијата на САД во Алијансата. „Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан –

Поранешна медицинска сестра на Шумахер обвинета за завера и уценување на неговото семејство

Медицинска сестра, чиј идентитет не е јавно обелоденет, наводно била дел од заговор за изнуда на 15 милиони евра од семејството Шумахер со закана дека ќе објави слики од тркачката легенда на
Go toTop