Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил сподели објава во која соопшти дека „нашата држава денеска беше реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година“.
„Чест ми е да соопштам дека нашата држава денеска беше реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година.
На гласањето, кое се одржа во Хаг, нашата кандидатура освои 86 гласови, победувајќи во конкуренција со три држави за две слободни места. Овој реизбор е признание за досегашната посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје, како и за активната улога во поддршката на целите и принципите на организацијата.
Во следниот период, остануваме целосно посветени на зајакнувањето на меѓународната безбедност и примената на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје“, вели Тимчо.
ИЗВОР: ТВ 21