Градоначалникот на Бутел Костовски: Буџетот на општината за 2025 година ќе го направиме заедно со жителите и за нивните потреби

November 26, 2024
1 min read

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со неговиот тим, направија важен чекор кон активно вклучување на граѓаните во креирањето на буџетот на општината за 2025 година.

Организирани екипи на општината од денеска почнаа да посетуваат голем број домаќинства во населените места во Бутел, со цел да се соберат што повеќе идеи и предлози кои ги одразуваат реалните потреби на граѓаните.

„Заедно со граѓаните ја градиме иднината на општина Бутел! Општина Бутел и годинава креира буџет заедно со граѓаните. Од денеска екипи организирани од општина Бутел ќе посетат голем број домаќинства во сите наши населени места. Овие тимови ќе собираат предлози и идеи за новиот буџет“, напиша градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на својата официјална Фејсбук страница.

Костовски ги информираше жителите на Бутел дека за повеќе можности за комуникација, граѓаните ќе можат да ги испратат своите предлози до архивата на општина Бутел, на електронската адреса: [email protected] или на телефонскиот број: 075 274 421

Според градоначалникот на општина Бутел, оваа иницијатива има за цел да создаде буџет кој ќе ги одразува барањата и решенијата што ги предлагаат самите граѓани, зацврстувајќи ја врската меѓу нив и локалната власт.

Општина Бутел останува посветена на стабилна, модерна и просперитетна иднина градејќи заедно со граѓаните европска општина.

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОМИНАА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, А УШТЕ НЕ СЕ КОРИСТИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА ИСКРА ПАНОВСКА-ДИМКОВА

Следно

Младите во борба против корупцијата – Ристеска: За корупцијата се зборува многу, но има малку резултати

Latest from Blog

ЕФ бара од обвинителството постапка против власта – од ВРЕДИ вратија, ДУИ е таа која ја прифати методологијата на пописот

Европскиот фронт ќе поднесе барање до Обвинителството да покрене постапка за актуелната власта затоа што во изминатата година при финансирање на општините не ги зела во предвид и граѓаните кои живеат надвор

Цените растат, народот купува: статистиката открива парадокс во потрошувачката

И покрај рекордно високите цени и инфлацијата, македонските граѓани продолжуваат да трошат сè повеќе во трговијата на мало. Последните податоци за мај годинава откриваат интересен и загрижувачки тренд: прометот во трговијата на

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Пожар избувна на пловен објект закотвен во Студенчишкиот канал на Охридското Езеро. Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото. Веднаш

Вимблдон никогаш повеќе нема да биде ист, ова се случува за првпат по 148 години

За првпат во својата 148-годишна историја, најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон – ќе се игра без линиски судии. Нивното место го зазема технологијата. Денеска започнува ново издание на Вимблдон, турнир
Go toTop