Вимблдон никогаш повеќе нема да биде ист, ова се случува за првпат по 148 години

June 30, 2025
1 min read

За првпат во својата 148-годишна историја, најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон – ќе се игра без линиски судии. Нивното место го зазема технологијата.

Денеска започнува ново издание на Вимблдон, турнир кој со право го носи епитетот неофицијално светско првенство во тенис. Сепак, ова лето сè е поинаку, бидејќи за првпат од неговото основање во 1877 година, повеќе нема да има линиски судии на терените на „Ол Ингланд Клуб“.

Наместо нив, секоја одлука ќе ја носи вештачката интелигенција. Легендарното „око соколово“, кое од 2007 година им беше помош на играчите за проверка на спорните поени, сега ја презеде целосната контрола врз линиите.

Ова значи дека околу 300 судии, кои секоја година се грижеа за регуларноста на играта и добиваа дневна плата од 180 фунти, ги загубија своите работни места. Иако столчињата за главните судии ќе останат, нивната улога ќе биде сведена на минимум.

Веруваат во технологијата

„Ол Ингланд Клуб“ велат дека оваа одлука е донесена по внимателно тестирање и анализа, и дека новата технологија обезбедува максимална прецизност и праведност.

– Веруваме дека е вистинско време да се преземе овој чекор. Технологијата ја докажа својата точност, а условите за играчите ќе бидат исти како и на многу други турнири – изјави Сали Болтон, извршен директор на турнирот.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија за уште шест месеци

Следно

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,
Go toTop