Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта

November 26, 2024
1 min read

Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

-Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени – оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет…Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити прашан за коментар со оглед на последните информации дека досега никој не се пријавил на тенедерот за нафта на ЈСП, и дали доколку пропадне тенедерот Владата и понатаму има можност да му помага на ЈСП.

Во однос на набавката на 120 електрични автобуси, тој потврди дека се разговара за тоа и дека никој не спори оти е потребна мерка, а дали можело порано ова да се реализирам, вели подобро подоцна отколку никогаш.

Владата, минатата недела на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП со цел да се надмине колапсот во јавниот транспорт во Скопје, откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатеие останаа во гаражите поради немање гориво. Состојбата е нормализирана, со интервентите колични, но таа е доволна за 10-тина дена, а на барање на раководството на JCП Бирото за јавни набавки одговори позитивно за спроведување итна постапка за набавка на нафта со преговарање.

Во однос на состојбата со општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево кои нема каде да го одложуваат отпадот откако граѓаните на Кочани го блокираа пристапот до градската депонија во таа општина, Меџити рече дека проблемот бил од финансиска природа и дека Владата излегла во пресрет и на ова барање за да се реши краткорочно проблемот.

-Финансиски обврските ќе ги преземе Владата и пак ќе се вратат на истата депонија, како досега. Проблемот беше финансиски бидејќи не можеше да се носи со тоа Општина Кочани, и ние одлучивме да им излеземе во пресрет да ги помогнеме финансиски за да се реши овој проблем краткорочно или среднорочно. Бидејќи работиме интензивно со проектот од Европската банка за развој, кредитот што е преземен од Министерството за животна средина 55 милиони евра за регионалните депонии, рече Меџити.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Арсовска не планира да се бори за втор мандат: Не сакам никогаш повеќе да работам со луѓе кои само саботираат и блокираат

Следно

Израелскиот Кабинет ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Либан

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop