Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

November 25, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција.

– Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ, тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат. Не сум импресиониран од ова раководство. Напротив, сум разочаран затоа што ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена и дека ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски странски, дневни навреди…., изјави денеска Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на вчерашниот конгрес.

Според Мицкоски, локалните избори, што треба да се одржат за 10-тина месеци, ќе бидат тест за новото раководство на СДСМ.

– Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но за жал морам да констатирам дека не сум импресиониран, рече Мицкоски.

На вчерашниот 30-ти конгрес на СДСМ беше избрана Фани Каранфилова Пановска за нов заменик претседател на СДСМ. На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран и Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата се очекува да биде избрано целото ново раководство на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Следно

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Latest from Blog

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, посочи дека посетата во Берлин ја искористил како можност да лобира и да разговара со

Македонското културно лето во Албанија го отвора Народниот театар од Битола

Од 1 до 5 јули, живописниот Пустец во Република Албанија ќе биде домаќин на јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, по

Герасимовски: Ново зеленило и урбана опрема, помош за реконструкција на фасадите и лифтовите

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, продолжи со теренски средби со жителите на Центар, во рамки на „Маалски муабети со Горан“, овој пат со срдечни средби во Градски ѕид, населбата што го

Ердоган: Турција очекува инфлацијата да биде околу 20% на крајот од годината

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека 2024 била година на значајни достигнувања за Турција, наведувајќи ги податоците за извозот од претходната година во своето обраќање на настан

Русија воведе ограничувања за 15 европски медиуми како одговор на санкциите на ЕУ

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека воведува ограничувања за 15 медиуми од Европската Унија (ЕУ) како одговор на мерките што ги презеде Брисел против руските медиуми претходно оваа година, јавува Анадолу.
Go toTop