Русија воведе ограничувања за 15 европски медиуми како одговор на санкциите на ЕУ

June 30, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека воведува ограничувања за 15 медиуми од Европската Унија (ЕУ) како одговор на мерките што ги презеде Брисел против руските медиуми претходно оваа година, јавува Анадолу.

„Руската страна донесе одлука да воведе контраограничувања за пристапот од територијата на Руската Федерација до веб-ресурсите на петнаесет медиуми од земјите членки на ЕУ, кои се вклучени во ширење лажни информации“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека мерките се преземени како одговор на ограничувањата наметнати од блокот од 27 членки во рамките на неговиот 16. пакет санкции одобрен во февруари за осум руски медиуми.

Руското Министерство додаде дека Брисел и земјите членки на ЕУ биле повеќепати предупредени дека забраните и „неоправданите ограничувања“ за руските медиуми ќе наидат на соодветен одговор од Москва.

„Одговорноста за овие случувања целосно ја сносат Европската Унија и земјите членки што ги поддржаа овие незаконски одлуки“, се нагласува во соопштението.

Дополнително се наведува дека Русија ќе ја преиспита својата најнова одлука за европските медиуми „доколку бидат укинати ограничувањата врз домашните публикации и информативни канали“.

Во соопштението не беа објавени конкретни имиња на европските медиуми што се опфатени со новите санкции од страна на Русија.

Европската Унија на 24 февруари го објави својот 16. пакет санкции за Русија, кој вклучи суспензија на дозволите за емитување на осум руски медиуми: Евроазија, Фондск, Лента, ЊузФронт, РуБалтик, СаутФронт, Фондација за стратегиска култура и Краснаја Sвезда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕФ бара од обвинителството постапка против власта – од ВРЕДИ вратија, ДУИ е таа која ја прифати методологијата на пописот

Следно

Ердоган: Турција очекува инфлацијата да биде околу 20% на крајот од годината

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop