ДЕИР БАЛАХ / ХАН ЈУНИС (АА)
– Палестинците бегајќи пред израелските напади, живеат во импровизирани шатори. Со доаѓањето на студениот бран, Палестинците во шаторските населби во градовите Хан Јунис и Деир Балах се борат со дождот и студеното време што го зафати регионот, известува Анадолу.
Хуманитарната криза во регионот постојано се влошува поради нападите на израелската Армија кои предизвикаа раселување на речиси целото население на територијата на Појасот Газа, а блокадата доведе до недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Палестинците кои се засолнија во импровизирани шатори, напуштајќи ги своите домови под притисок и страв од израелските бомбардирања и гранатирања, со падот на температурите, сега се борат за опстанок и во услови на дожд и студено време, обидувајќи се да обезбедат вода и храна за своите семејства, првенствено децата.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа од октомври минатата година.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа, но израелската Армија продолжува со својата брутална офанзива врз палестинската енклава од октомври минатата година.
Извор: Anadolu Agency (AA)