40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

November 25, 2024
1 min read

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската политичка сцена беше активен во СДС и во водењето на државата во најтемните, најсрамните и најтешките периоди на Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој е човекот на кого како министер за здравство во модуларната болница во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, кои во болница дошле со надеж да оздрават и за што не понесе никаква одговорност.

Филипче не понесе одговорност дури ни за високата смртност од корона вирусот, по што Македонија на стави на врвот на светските и европски листи.

Филипче е потрчко и продолжена рака на неговиот другар Зоран Заев со кој, за заедно да лумпуваат на приватни и скапи журки по елитни хотели, одат дури во далечниот Дубаи.

Филипче, кој е неврохирург на Заев не може да внесе свежина ниту во СДС, а најмалку на политичката сцена во Македонија“, потенцираа од партијата.

-Тоа се гледа и во составот на неговото избрано раководство, каде во нивниот Централен одбор, има се само не нови ликови. Немањето визија и кадри за учество во новото раководство се гледа и по изборот на Фани Каранфилова Пановска за неговиот заменик, која е поранешна директорка на Отворено општество Сорос и која ја интересираат само високите хонорарци. Во ЦО има лица кои што биле на високи партиски и државни позиции, случајно или не, во периодот кога со партијата раководел неговиот ментор и духовен водач, Зоран Заев, нотираа во денешното соопштение.

-На листата на членови има Централниот одбор има поранешни пратеници, градоначалници, директори, министри, заменици министри, поранешни и сегашни претседатели на општинските партиски организации и сите од периодот на владеење на Заев. Така да, Венко Филипче, неврохирургот на Заев и неговите избрани 40 потрчковски, не можат да донесат ништо ново ниту добро, како ни за СДС така ни за Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Минусни температури утрово во цела Македонија, Берово смрзнуваше на -8

Следно

Според израелските медиуми, Нетанјаху го одобрил прекинот на огнот во Либан

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop