Спектаклот на „Камп Ноу“ без победник, Барса и Јунајтед одиграа реми

February 17, 2023
1 min read

Фудбалерите на Барселона и Манчестер Јунајтед одиграа нерешени 2-2 (0-00, во првиот натпревар од шеснаестинафиналето во Лига Европа. Средбата на „Камп Ноу“ беше вистински спектакл, особено во второто полувреме, со шанси на двете страни, четири гола и многу возбудувања.

Од стартот се тргна мирно, во испитување на силите и на првите шанси се чекаше речиси половина час. Најдобрата за „ѓаволите“ ја имаше Вут Вегхорст, кој имаше зицер, кој го одбрани Тер Штеген. До крајот на полувремето на двете страни се закануваа Рашфорд и Жорди Алба, но резултатот остана почетниот.

Веднаш на стартот на продолжението домашните дојдоа до предност. Само пет минути се играше пред Маркос Алонсо да погоди за 1-0. Гостите го подзаборавија бекот на втората статива по корнер, а овој со глава стрела за предност. Сепак, радоста траеше навистина кратко. Само две ипол минути подоцна Маркус Рашфорд донесе израмнување (1-1). Напаѓачот доби топка низ одбраната од Фред, па со убав удар го матира Тер Штеген за егал. Само шест минути подоцна Јунајтед дојде и до пресврт, а одново во центарот на вниманието беше Рашфорд. Англичанецот по еден корнер го смени патот на топката, која неколку пати се одби и од Кунде заврши во мрежата за 1-2.

Барселона презеде иницијатива, се наметна и целосно го притисна противникот. Иако имаше контрола врз играта, погодокот за израмнување беше во најмала рака комичен. Рафиња нафрли полувисока топка кон Левандовски, кој ја промаши, меѓутоа го измами Варан и таа меѓу неговите нозе го измами и Де Хеа за 2-2 во 76. минута. Во финишот Барса имаше целосна иницијатива, шпанскиот голман беше на маки, меѓутоа успеа да го спаси својот гол.

Реваншот на „Олд Трафорд“ се игра за седум дена.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Промените на дело“: Мицкоски денеска во општина Гевгелија

Следно

Земјотресите во Кахраманмараш ја оштетија и Црквата „Св. Богородица“ во Вакифли

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop