Сиљановска Давкова денеска на Шекеринска ќе и го честита изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО

November 22, 2024
1 min read

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска лично ќе и го честита на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерална секретарка на НАТО.

Како што објави претседателката на нејзината Фејсбук страница во средата остварила телефонски разговор со Шекеринска, во кој ја поканила на средба за да и го честита изборот.

-Беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот, напиша Сиљановска Давкова.

Сметам дека е најдобро, посочува претседателката, лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека Владата ја поддржала кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерална секретарка на НАТО.

Премиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските.

-Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши, изјави Мицкоски, додавајќи дека телефонски се слушнал со Шекеринска.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса.

– Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Со присуство на глобални и регионални претставници започна Истанбулскиот енергетски форум

Следно

Медведев: Добивте тоа што баравте

Latest from Blog

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството

ВРЕДИ до ЗНАМ: Правда е забетонирана за ВЛЕН

Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе

Проданоски: Мариово е едно од највредните природни и културни богатства на Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово. На настанот,

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските
Go toTop