ФРАНЦИЈА ТРГНА ВО ПОМОРСКИ АКЦИИ ПРОТИВ „СИВАТА ФЛОТА“ НА ТАНКЕРИ? (ВИДЕО)

October 12, 2026
1 min read

– Франција е решена да се бори против дух – флотите, каде и да се во светот.

Утрово, на повеќе од 450 наутички милји јужно од Реинион, нашата Национална морнарица се качи на танкерот DF Peak, за кој се сомнева дека пловел под лажно знаме и бил вклучен во нелегални активности за транспорт на гориво.

Оваа акција, спроведена во согласност со меѓународното поморско право, ја покажува нашата решеност да го почитуваме владеењето на правото и да се бориме против секаков нелегален шверц, каде и да се случува, објави францускиот претседател Емануел Макрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека западните сојузници не смеат да попуштаат пред „руската закана“, реагирајќи на серијата одлуки и изјави на американскиот претседател Доналд Трамп – вклучително и договорот за дизел-гориво и најавата за енергетско примирје – кои создаваат впечаток дека ѝ одат во прилог на Москва.

За време на посетата на Автомобилскиот саем во Париз, Макрон истакна дека во моментов нема никакви фактички причини за промена на досегашниот став кон војната во Украина, пренесе весникот „Депеш“.

– Сепак, фактите покажуваат дека Русите продолжиле да ја бомбардираат енергетската инфраструктура и во изминатите часови. Сите мора сериозно да ги сфатиме фактите. Русија продолжува да ги бомбардира и цивилите и инфраструктурата во Украина. Затоа, да за барањето прекин на огнот кога станува збор за енергетиката, но не и за попуштање пред руската закана. Да за изнаоѓање начин да се запрат нападите врз енергетските објекти, а би додал и врз објектите во Црното Море, како и за продолжување на мировните преговори. Не за отстапки пред руските закани – порача Макрон, најавувајќи дека во текот на денот ќе разговара со Трамп.

Францускиот претседател реагираше откако Трамп вчера соопшти дека стапува во сила енергетското примирје меѓу Русија и Украина.

По изјавата на Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја информираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за серијата нови руски напади врз украинскиот енергетски сектор регистрирани веднаш по најавата на американскиот претседател.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Haziri: 2027-ta është vit i LDK-së, i kemi zgjedhjet e brendshme mandatore

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во
Go toTop