Медведев: Добивте тоа што баравте

November 22, 2024
1 min read

Во врска со вчерашниот руски напад со суперсонична балистичка ракета врз Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност, на платформата „Х“ напиша „добивте тоа што баравте.”

„Значи, тоа е тоа што го баравте? Па, проклето тоа и добивте! Напад со хиперсоничен балистички проектил“, напиша Медведев, заедно со објавеното видео од нападот. 

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и битанските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Оревокршачка“(Оrešnik) на украинска територија, за која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават. 

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин. Тој објасни дека со ова е тестиран најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Оревокршачка“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова денеска на Шекеринска ќе и го честита изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО

Следно

Министерот Минчев упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември

Latest from Blog

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,
Go toTop