Велковски за КУРИР: Откочување на процесот за лиценцирање на негуватели и воспитувачи- намалување на долгата листа на чекање за упис во градинки

November 22, 2024
1 min read

Конечно се откочува процесот за полагање на лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките, со кој се решава проблемот на над 2.000 лица. Неправдата ќе биде исправена, нема да има полагања преку ред и повторно ќе важи правилото- прв дојден, прв услужен… Изградбата на новите планирани градинки низ Македонија, пак, ќе ја намали листата на чекање за упис на децата.

За ова разговаравме со заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, кој за КУРИР, потврди дека на владина седница помина Законот за заштита на децата, а очекува дека и пратениците ќе дадат поддршка на собраниската седница.

-Уште од октомври 2023 година процесот на лиценцирање во министерството за жал запрел. Потоа во техничката влада направивме напори за промена на Законот, но не успеавме, не наидовме на слух кај тогашниот парламентарен состав. Со ова запирање на процесот повеќе од 2.500 лица чекаат на листите за лиценцирање. Во овие години, 2021, 2022 и 2023 година тие што аплицирале за жал, се уште чекаат, а имаше примери такви кои од 2023 година пред самиот истек на тогашната постапка за лиценцирање, само со еден месец пријавени веќе беа положени, односно завршено беше нивното лиценцирање. Тоа дава тенденција дека не се почитувало правилото тој што прв бил дојден, прв да биде услужен.

Одговорноста за ова, Велковски ја гледа единствено кај поранешното раководство на министерството.

Над 5.000 дечиња во Македонија се на листите на чекање за упис во детските градинки

-Предизвикот за нови капацитети навистина е голем и како Влада и во програмата која што тогаш беше партиска, сега веќе е и владина, предвидуваме да се изградат над 20-тина градинки кои што ќе значат растеретување, односно згрижување на сите кои се на листата на чекање. Веќе го работиме активно тој процес, она се што беше застанато како детски градинки во изградбата од претходната власт, веќе се во завршна фаза и очекувам до крајот на годината да профункционираат…

Со новиот гранд кој што го одобри Владата, односно се распиша повик, оној унгарски кредит кој беше земен токму наменет за локалните самоуправи- тука веќе имаме на повикот пријавени 4 општини на кои им се прифатени апликациите, склучени се договорите и дел од постапките за јавни набавки од самите општини се распишани. Така да очекуваме за многу брзо време да бидат ставени во функција, а секако очекуваме и новиот повик кој ќе биде во февруари општините да направат проекти и да аплицираат и они.

Повик до локалните самоуправи

-Локалните самоуправи да го употребат она што го даваме како можност, како министерство, а тоа е изградба на детски градинки во други просторни услови, односно онаму каде што имаат помала потреба на дечиња, тоа може да го направат во објекти кои се во сопственост на самата локална самоуправа, а да бидат адаптирани- опремени од страна на нашето министерство. Ова е директна помош на локалната самоуправа, да не градиме големи капацитети каде што можеби и нема потреба. Има навистина многу модели каде што може да го намалиме бројот на листи на чекање, потенцира Велковски за КУРИР.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВЛЕН: 116 години од албанската азбука – Овој голем ден се одбележува ина владина седница!

Следно

Израел издаде наредби за евакуација на предградија на Бејрут и населени места во Јужен Либан

Latest from Blog

Кирил Петков поднесе оставка

Поранешниот бугарски премиер и пратеник од Продолжуваме со промената, Кирил Петков денеска поднесе оставка. Претходно Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски

Муртезани: Европските средства не се под закана

Брисел и Софија имаат различни погледи на евроинтегративниот процес на Македонија – се додека Бугарија гледа низ билатерална диоптрија, ќе има блокада. Ова го изјави министерот Муртезани, на само неколку часа пред

Сертификати за 1.500 учесници за „Читањето на Сахих ал-Бухари“ што ги собраа хадиските научници во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на програмата „Читање хадиси од Сахих ал-Бухари“ што траеше 13 дена во Истанбул, на 1.500 учесници им беа доделени сертификати, јавува Анадолу. Настанот, организиран под раководство на

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, посочи дека посетата во Берлин ја искористил како можност да лобира и да разговара со

Македонското културно лето во Албанија го отвора Народниот театар од Битола

Од 1 до 5 јули, живописниот Пустец во Република Албанија ќе биде домаќин на јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, по
Go toTop