Израел издаде наредби за евакуација на предградија на Бејрут и населени места во Јужен Либан

November 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес издаде нова наредба за евакуација на жителите од две области на јужните предградија на Бејрут и од пет села во Јужен Либан, јавува Анадолу.

Во одделни соопштенија портпаролот на израелската армија, Авичај Адрае, објави мапи на кои се истакнати целните згради и областите означени со црвено.

Адрае им наложи на жителите во јужните предградија на Бејрут, поточно во областите Харет Хреик и Хадат, веднаш да ги напуштат своите згради и соседните области.

Тој тврди дека во зоните предвидени за напад има „објекти и интереси поврзани со Хезболах“ и предупреди на претстојни израелски воени дејства.

„Евакуирајте ги овие згради и одржувајте растојание од најмалку 500 метри од нив“, истакна портпаролот.

Израелската армија, исто така, издаде наредба за евакуација на жителите од пет села во Јужен Либан: Тајбех, Адчит Ал Кусаир, Деир Серијан, Бурџ Ал Шемали и Маачук.

Адрае во соопштението посочува жителите веднаш да ги напуштат своите домови и да заминат северно од реката Авали.

Израел кон крајот на септември започна прекугранична војна со Либан, почнувајќи воздушна кампања против, како што тврди, позиции на Хезболах.

Според либанските здравствени власти, од октомври минатата година во израелските напади во Либан се убиени речиси 3.600 луѓе, над 5.000 се повредени и повеќе од еден милион се раселени.

Тел Авив го прошири конфликтот со започнување копнен упад во Јужен Либан на 1 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Велковски за КУРИР: Откочување на процесот за лиценцирање на негуватели и воспитувачи- намалување на долгата листа на чекање за упис во градинки

Следно

Со присуство на глобални и регионални претставници започна Истанбулскиот енергетски форум

Latest from Blog

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата
Go toTop