ВЛЕН: 116 години од албанската азбука – Овој голем ден се одбележува ина владина седница!

November 22, 2024
1 min read

„Денес е голем ден за сите Албанци, и во земјата и надвор од неа! За
првпат, овој свет ден официјално се одбележува и на седница на Владата,
благодарение на посветеноста на ВЛЕН и блиската врска со граѓаните“, велат од ВЛЕН.

„Денес го одбележуваме 116-от јубилеј од унифицирањето на Албанската
азбука. Овој датум има посебно значење, бидејќи симболизира важен момент кој ја нагласува важноста на обединувањето на Албанците околу еден идеал.

Јазикот е елемент на идентитетот на еден народ, основа врз која се гради
идентитетот и сите други елементи на една заедница.

Одлуките на Конгресот во Битола покажуваат и денес дека Албанците се
ориентирани кон западните и европските вредности. Претставниците на ВЛЕН во Владата го одбележуваат  овој значаен ден со гордост, упатувајќи
честитки до Албанците секаде. Активностите ќе продолжат со посета на
Музејот на азбуката во Битола – местото каде што нашата историја е
напишана со посветеност и љубов кон нашиот прекрасен јазик. Потоа ќе
учествуваме на научна конференција за да рефлектираме за вредностите и
значењето на овој ден, а на крај, овој голем ден ќе заврши со свечена
церемонија во Домот на културата во Битола.

ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено! Ние сме посветени на целосна официјализација на албанскиот јазик во Северна Македонија и гарантираме дека навредливиот термин „20 проценти“ ќе биде отстранет.
Честит нека биде овој ден на секој Албанец и секоја Албанка, каде и да
се наоѓаат. Во вакви денови секогаш да бидеме обединети!“, велат од ВЛЕН.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и Меџити ќе се обратат на свечена академија по повод Денот на албанската азбука

Следно

Велковски за КУРИР: Откочување на процесот за лиценцирање на негуватели и воспитувачи- намалување на долгата листа на чекање за упис во градинки

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop