Британски медиуми: Украина истрела британски проектили со голем дострел врз цели во Русија

November 20, 2024
1 min read

Украина за првпат истрела проектили „Сторм шедоу“ доставени од Велика Британија кон Русија, објавија денеска британските медиуми. Потегот на украинските сили е откако Киев доби зелено светло од Лондон за употреба на тој вид оружје.

Неколку проектили биле лансирани против најмалку една руска воена цел, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи неименуван западен претставник.

Тајмс соопшти дека владини извори ја потврдиле употребата на ракетите со голем дострел за првпат. Во извештајот, цитирајќи руски канали, се вели дека 12 од проектилите биле истрелани во Курск, пограничен регион делумно под контрола на украинските сили, денеска попладне.

Гардијан објави дека Велика Британија и дала дозвола на Украина да ги користи ракетите во Русија како одговор на распоредувањето на севернокорејските трупи на границата.

Радиодифузерите Скај Њуз и Би-Би-Си, исто така, јавија за употреба на ракетите.

Кабинетот на премиерот Кир Стармер во Даунинг стрит и Министерството за одбрана одбија да ги потврдат извештаите кога беа контактирани од локални и странски медиуми. 

Запрашан денеска во парламентот за извештаите, секретарот за одбрана Џон Хили рече дека „не може да навлегува во други оперативни детали“.

Тој развој на настаните се случува откако Украина почна да користи ракети со голем дострел ATACMS што ги доби од САД, а за чие користење неодамна доби дозвола од американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, да гаѓа цели во Русија.

Во меѓувреме, Бајден одобри САД да испратат нагазни мини во Украина, за што известуваат и светските медиуми.

САД го засилија испраќањето воена помош за Украина за да го забават постојаниот напредок на руските сили на бојното поле.

Војната во Украина започна во февруари 2022 година, со инвазијата на таа земја од страна на руските трупи.

Русија сега контролира околу 17 отсто од територијата на Украина.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Туркије подготвена за претставување на својот прв квантен компјутер

Следно

Телефонски разговор Шекеринска – Сиљановска-Давкова, за петок закажана заедничка средба

Latest from Blog

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop