Телефонски разговор Шекеринска – Сиљановска-Давкова, за петок закажана заедничка средба

November 20, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, информираше дека денеска имала телефонски разговор со заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. По тој повод, двете ќе имаат средба во петок во 10 часот.

„Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.

На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.

Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, стои во соопштението од Гордана Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британски медиуми: Украина истрела британски проектили со голем дострел врз цели во Русија

Следно

Македонија има тројца финалисти на Балканското Првенство во бокс

Latest from Blog

Ердоган до Руте: Турција работи на обновување на преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Анкара вложува напори за обновување на преговорите меѓу Русија и Украина и оти очекува Алијансата да преземе поголема

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во вечерашната дебата во „Топ тема“
Go toTop